Индустриското производство продолжува да расте. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство во декември 2015 година во однос на декември 2014 пораснало за 10,5%.
Вести
-
Економија 29.01.2016 12:13
-
Свет 29.01.2016 11:43
Следниот месец почнуваат преговорите за членство на Црна Гора во НАТО
Преговорите за членството на Црна Гора во НАТО алијансата ќе почнат наредниот месец. Според генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг донесена е уште една важна одлука која се однесува на стабилноста на Западниот Балкан.
-
Свет 29.01.2016 11:30
Австралија: Поставени бомби во училишта?
Евакуација на учениците и на наставниците во неколку средни училишта во Сиднеј по дојави за поставени бомби.
Полицијата потврди дека преку телефонски јавувања компјутерски генериран глас тврдел дека се оставени ранци со бомба.
-
Македонија 29.01.2016 11:16
Од почетокот на 2016-та издадени над 50 илјади потврди за азил
Во изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 1.837 странски државјани, од кои 754 се од машки пол, 392 се од женски и 691 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата.
-
Македонија 29.01.2016 11:12
Одземена акцизна стока од трговски и угостителски објекти
Во контрола на продажбата на акцизна стока во Битола, Прилеп, Охрид, Струга и Дебар во седум угостителски и два малопродажни објекти констатирани се неправилности при што се одземени алкохол и цигари, соопштуваат од Царинската управа.
-
Македонија 29.01.2016 10:30
Собранието ќе ја продолжи 85-тата седница
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 85-тата седница.
-
Македонија 29.01.2016 10:26
Дополнителни субвенции за професионалните земјоделци
Вкупно 10 милиони денари се обезбедени за младите и за професионалните земјоделци. Доколку фармерот е до 40 години, ќе добие плус 10, а 5 проценти правните лица како земјоделско стопанство.
-
Свет 29.01.2016 10:23
Почнуваат мировните преговори за Сирија, опозицијата нема да учествува
Во Женева почнуваат мировните преговори за Сирија под покровителство на Обединетите нации. Претставници на сириската опозиција соопштија дека нема да присуствуваат се додека не биде постигнат договор за доставување хуманитарна помош во градовите кои се најзагрозени.
-
Македонија 29.01.2016 08:32
Магла на повеќе патни правци
Појава на магла со видливост од 50-100 метри има на патните правци Тетово-Скопје, Скопје- Велес, Неготино-Д.Капија, Берово-Делчево и во Сарамзалино, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози.
-
Свет 28.01.2016 16:56
Нова трагедија со бегалци крај грчкиот брег
Најмалку 24 лица, меѓу кои 10 деца настрадаа кога потона брод со бегалци кај грчкиот остров Самос во Егејското Море. Грчката крајбрежна стража соопшти дека уште единаесетмина се водат како исчезнати и во тек е потрага по нив.










