Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според рихтеровата скала денеска е регистриран крај бреговите на Папуа - Нова Гвинеја.
Епицентарот бил на 46 километри под морското дно, на 170 километри југоисточно од градот Рабаул.
Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според рихтеровата скала денеска е регистриран крај бреговите на Папуа - Нова Гвинеја.
Епицентарот бил на 46 километри под морското дно, на 170 километри југоисточно од градот Рабаул.
Денес директорот на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски и директорот на Словенечката полиција, Марјан Фанк го посетија словенечкиот конингент на полициски службеници во прифатниот центар Винојуг во Гевгелија.
Вкупно 7.387 ученици од завршните години во средното образование денска се опфатени со процесот на екстерната проверка на постигањата на знаењата, соопштуваат од Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар.
Во изминатите 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.835 странски државјани, од кои 1.048 се од машки пол, 655 се од женски и 1.132 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата.
Шумски пожар веќе пет дена беснее во аргентинскиот национален парк Лос Алерсес, во близина на источниот дел на Андите.
Досега се уништени 1.600 хектари од паркот, кој е заштитена зона во Аргентина и се наоѓа во Патагонија.
По дводневен раст цената на суровата нафта на азиските берзи се врати на ниво под 30 долари за барел.
Во Кина се амнестирани 31.527 затвореници, меѓу кои и учесници во граѓанските војни во 30-те и 40-те години од минатиот век. Одлуката за амнестирање на затворениците била донесена во август минатата година, по повод годишнината од завршувањето на Втората светска војна.
Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун, би можел да им се приклучи на сириските преговори закажани за 29 јануари.
Сириската војска презела контрола врз стратешки важен град во јужната провинција Дера по жестоки судири со бунтовниците.
Опсерваторијата за човекови права соопштува дека судирите и натаму траат во западните делови на градот Шеик Маскин во јужните делови на земјата.
Нова средба на работната група на претставниците на политичките партии со посредникот Питер Ванхауте треба да се одржи денеска попладне во Клубот на пратениците.
И натаму на средбите доминираат две теми, пречистување на избирачкиот список и реформите во медиумите.