Јубилеј за радост и обединување - 20 години Европска Епархија на МПЦ-ОА
Само заедно ќе можеме да опстанемеи да се радуваме на новоизградените цркви, да бидеме сплотени и овој јубилеј нека ни биде поттик за уште многу нови изградби и осветувања. Нека ни биде поттик за редовни Богослужби и цркви полни со народ. Ова е дел од беседата на Митрополитит Европски Пимен на денот на свечената Архиерејска литургија што се одржа во црквата Пресвета Богордица во Синделфинген.
Поводот за радост беше двоен, Црковната општина Пресвета Богородица од Синделфинген слави две децении од нејзиното основање, токму како и Европската Епархија.

На свечена Богослужба на која чиноначалствуваше Митрополитит Европски Пимен заедно со свештениците од црковните општини од Италија од Германија, од Швајцарија, парохискиот свештеник Миле Велјановски беше произведен во протејер.
Веднаш по Архиерејската литургија се одржа свечена прослава на која свое обраќање имаше амбасадорот Сашо Марковски, како и директорот на Агенцијата за иселеништво Васил Наумов кои ја споделија радоста заедно со Митрополитит Европски Пимен но и со бројниот верен народ кој живе и работи во Синделфиген.
Дека Македонската црковна заедница има углед во германското општество покажа присуството на градоначалникот на Синделфиген Виорингер, како и Фридрих Фауст кој е долгогодишен пријател на македонската заедница и култура.
Македонската православна Епархија за Европа е формирана на 4 декември, 1994 г.
На 6 април 2006 година како надлежен Архиереј на Епархијата е поставен Митрополитит Пимен.
Денес, Европската Епархија на МПЦ ОА, има 35 Црковни општини, само 13 во Германија,и досега во ова две децениско постоење се изградени три нови цркви од темел, од кои две се осветени во Тринген Швајцарија и во Малме, Шведска,како и еден параклис во Берлин.
За нарената година на 6.06, закажано е осветување на новоизградениот храм Свети Никола од Маинц, а за неполни две седмици ке биде осветен и поставен камен темелник за изградба на нова црква во Загреб.