Кошаркарите на Партизан ја потврдија фантастичната форма, по вторпат оваа сезона, го совладаа актуелниот европски шампион Анадолу Ефес, сега како гостин.
Кошарка
Блог вести
-
Кошарка 17.03.2023 12:44
-
Кошарка 16.03.2023 11:20
Голден Стејт поразени од Клиперс
Шампионот на НБА-лигата, тимот на Голден Стејт Вориорс загуби од Лос Анџелес Клиперс на гости со 134:126.
Стеф Кари кој постигна 50 поени, беше најефикасен на натпреварот, но и тоа не беше доволно неговиот тим да избегне пораз.
-
Кошарка 15.03.2023 13:56
Лејкерси поставија клупски рекорд
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс, ноќеска го повторија клупскиот рекорд за погодени тројки во првото полувреме.
Во првите 24 минути на средбата со Њу Орлеанс Пеликанс (123:108), тимот од Калифорнија уфрли 15 прецизни удари од зад лакот.
-
Кошарка 14.03.2023 09:39
Голден стејт Вориорс до победата над Феникс Санс
Клеј Томпсон е тема на денот во НБА лигата. Еден од најдобрите шутери во историјата на НБА, ги предводеше Голден стејт Вориорс до победата над Феникс Санс со 123:112. Томпсон влезе во историјата на лигата.
-
Кошарка 07.03.2023 17:51
Македонските кошаркари напредуваа едно место на ФИБА рангирањето
Скок од едно место на европската и светска ранг-листа на ФИБА забележа македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација, пренесува МИА.
Со 204.4 бодови македонските кошаркари сега се позиционирани на 28 место во европски и на 53 место во светски рамки.
-
Кошарка 06.03.2023 11:09
Никс славеа победа во дуелот со Селтикс
Кошаркарите на Њујорк Никс, по две продолженија, славеа победа во дуелот со Бостон Селтикс. Емануел Квикли го одигра најдобриот натпревар во кариерата и го предводеше својот тим до победата во Бостон 131:129.
-
Кошарка 05.03.2023 12:53
Јокиќ и Брансон најдобри во февруари во НБА лигата
Никола Јокиќ од Денвер е прогласен за најдобар играч изминатиот месец во Западната конференција во НБА лигата, додека признанието на Истокот го понесе кошаркарот на Њујорк, Џејлин Брансон.
-
Кошарка 02.03.2023 11:09
Јокиќ со 100 трипл-дабл во кариерата
Кошаркарите на Денвер триумфираа синоќа на гостински терен над Хјустон со 133-112 во натпревар што го одбележа српскиот кошаркар Никола Јокиќ кој го запиша својот 100 трипл-дабл во НБА лигата.
Јокиќ придонесе во победата на Денвер со 14 поени, 11 скокови и 10 асистенции.
-
Кошарка 25.02.2023 18:50
Клиперси и Сакраменто го одиграа вториот по ефикасност натпревар во историјата на НБА
Тимот на Сакраменто кингс ги совлада Лос Анџелес Клиперс рано утрово на гостински терен со 176:175.
Екипите одиграа две продолженија и постигнаа вкупно 351 поен. Ова е втор натпревар со најголем број поени во историјата на НБА-лигата.
-
Кошарка 24.02.2023 12:29
Во претквалификациите за Евробаскетот 2025, Македонија го претрпе првиот пораз
Македонската кошаркарска репрезентација го претрпе првиот пораз во претквалификациите за Евробаскетот 2025 откако во петтото коло загуби на гостувањето против Словачка со 82-73.








