Велес доби нова културна манифестација, нов театарски фестивал, посветен на Петре Прличко. Фестивалот е насловен „5ре“ и е посветен на актуелната театарска продукција во земјава и има ревијален карактер. Годинава тој е посветен на жанрот комедија.
-
Култура 17.05.2022 14:39
-
Култура 17.05.2022 10:32
Промоција на „Великата лирска песна“ од Санде Стојчевски
На 18 мај 2022 година во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, со почеток во 12:00 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Великата лирска песна“ од Санде Стојчевски.
Книгата е добитник на престижната награда „Ацо Шопов“ на ДПМ за најдобра поетска книга во 2021 година.
-
Култура 17.05.2022 09:31
Отворена изложбата „Жени во занаетчиство“ во Кабинетот на претседателот
Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на отворањето на изложбата „Жени во занаетчиство“ што се одржува во Кабинетот на претседателот.
-
Култура 16.05.2022 10:20
Филхармонија со грандиозно затворање на концертната сезона
Овој четврток, во 20 часот во Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ ќе се одржи концертот насловен „Слобода“ со кој оркестарот на Филхармонија ќе го заокружи официјалниот дел од програмата на концертната сезона „Филхармонија во движење“.
-
Култура 16.05.2022 10:09
Недела нa италијанската kинематографија: „Херои и антихерои во италијанскиот филм“
Од 16 до 23 мај 2022 година - по трагите на успехот на претходните изданија - во „Кинотеката на Република Северна Македонија" во Скопје ќе се одржи XXII „Недела на италијанската кинематографија“, филмска ревија на италијански филмови, оваа година посветена на хероите и антихероите во италијански
-
Култура 14.05.2022 12:03
Премиера на претставата „Енергични луѓе“
Претставата „Енергични луѓе“ на Охридскиот Народен Театар претставува современо читање на класичниот текст на рускиот автор Василиј Шукшин. Режисерот Александар Ивановски вели дека ликовите имаат трескавична енергија којашто ќе ја разнесуваат скоро два часа на сцената.
-
Култура 13.05.2022 14:27
Министерката Костадиновска-Стојчевска го посети Архивот во Битола
Широкиот спектар на материјални показатели содржан во фондот на браќата Манаки, а во сопственост на Архивот, претставува солидна основа за да се пристапи кон нивно соодветно вреднување, презентација и промоција во согласност со актуелната правна регулатива“, рече министерката за култура Бисера Ко
-
Култура 12.05.2022 15:27
Комеморација во чест на Ристо Стефановски
Ристо Стефановски, човек кој имаше неизмерно долг и извонредно богат живот во Македонскиот театар. Не само што живееше страсно, туку беше и создавач, креатор на највисоките дострели и успеси на театарот. Последни зборови на Комеморацијата во чест на великанот.
-
Култура 10.05.2022 19:33
Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ се враќа во својот редовен термин
Осум претстави на македонските театри се во конкуренцијата за најдобра на 56-от македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Фестивалот по две години се враќа во редовниот термин, почетокот на јуни, откако лани се одржа во октомври, а 2020-та пандемска година беше прескокната.
-
Култура 10.05.2022 11:10
Иселенички фолклорен фестивал
Фолклорот е многу значаен за зачувување на корените, традициите на младите во странство. Во дијаспората се негува фолклорот, се организираат повеќе активности и настапи на фолклорни друштва.
На тој начин, се доближуваат вредностите од родниот крај и пред странската публика.










