Драмски театар Скопје в сабота, 12 јуни, од 20 часот ќе одржи омаж насловен „Драмски за Конески“.
Повод е одбележувањето на стогодишнината од раѓањето на великанот и доајенот на македонската литература и писменост, Блаже Конески, соопшти ДТС.
Драмски театар Скопје в сабота, 12 јуни, од 20 часот ќе одржи омаж насловен „Драмски за Конески“.
Повод е одбележувањето на стогодишнината од раѓањето на великанот и доајенот на македонската литература и писменост, Блаже Конески, соопшти ДТС.
„Звукот на идната генерација“ е насловен концертот со студентите од државните факултети за музичка уметност кој ќе се одржи в четврток во 20 часот. Диригент е маестро Борјан Цанев, а на програмата се дела од Моцарт, Ботезини, Моцарт, Шосон, Сен-Санс, Розауро и Равел.
„Знаење, заштита и вреднување на старите јадра“, е насловен двегодишниот проект кој ќе го реализира Општина Куманово. Станува збор за проект за инвентаризација на градбите со културно наследство, како и употреба на нови алатки за нивна видливост.
Свеченото отворање на 61-то издание на нашата најголема музичко-сценска манифестација-Фестивалот „Охридско лето“ ќе биде во знакот на големиот Петар Илич Чајковски во изведба на Националната опера и балет.
Во руво од 11 јазични личотии осамна првиот зборник со препеви и преводи од творештвото на Конески.
Оркестарот на Филхармонија вечерва ќе го одржи концертот „Младите доаѓаат“ на кој ќе настапат ученици од државните музички училишта. На програмата се дела од Хајдн, Пихл, Штамиц, Моцарт, Глук, Сен-Санс и Григ.
Под мотото „Украдени движења“, вечер на отворената сцена во Домот на армијата почнува годинешното издание на реномираниот фестивал за современ танц „Танц фест- Скопје 2021“.
Во изведба на солисти, хорот и оркестарот на Националната опера и балет вечер на плоштадот „Мајка Тереза“ на платото пред Националната опера и балет, ќе биде изведена операта „АИДА“ од Џузепе Верди, на отворено под ѕвездите, под диригенттство на Бисера Чадловска, во режија на Дејан Прошев.
Овој четврток, во 20 часот ќе се одржи третиот концерт од серијалот „Филхармонија за Филхармонија“ на кој ќе настапат музичари од оркестарот на Филхармонија во различни камерни формации. На програмата се дела од Бетовен, Моцарт, Гајдош, Лотер, Глиер, Стравински, Хофмајстер и Менделсон.
Со рецитирање на добропознатата „Везилка“ на великанот на современата македонска култура Блаже Конески во Занаетчискиот дом во Куманово почна промоцијата на зборникот „Навраќање кон Конески“, на приредувачите Свето Стаменов, новинар на Македонското радио и Вера Стојчевска Антиќ, универзитетски пр