По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35 годишнината од независноста, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, на вечното почивалиште на претседателот Борис
-
Македонија 08.09.2026 19:04
-
Македонија 08.09.2026 18:13
Каде е Македонија денес, а каде сакаат да биде граѓаните?
Пред 35 години граѓаните токму на ова место, ја прославија одлуката за самостојна и независна Македонија, а денеска одговорија на неколку прашања.
-
Македонија 08.09.2026 17:51
Јордан Плевнеш, Раде Силјан, Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски одликувани со Орден „8 Септември“
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на свечена церемонија во „Вила Водно“, денеска, на Денот на македонската независност, ги одликуваше со Орден „8 Септември“ Јордан Плевнеш и Раде Силјан, и постхумно: Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски.
-
Македонија 08.09.2026 17:15
Мицкоски: Премалку сме да се делиме
Да застанеме цврсто и заеднички да ги браниме интересите на нашата земја. Премиерот Мицкоски со празничен повик до, како што рече неистомислениците, поделбите да престанат, суетите да се останат настрана и да се постигне единство за стратешката цел.
-
Македонија 08.09.2026 16:59
Струмица ја слави актерската игра преку фестивал посветен на Ристо Шишков
Вкупно 40 актери од земјава но и од Бугарија и Србија ќе бидат во конкуренција за единствената награда на ФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица награда за најдобро актерско остварување. Ќе бидат одиграни 10 претстави селектирани од режисерот Љупчо Ѓеоргиевски.
-
Македонија 08.09.2026 16:08
Пет години од пожарот во модуларната болница во Тетово
На 8 Септември ја славиме независноста, но и сеќаваме на една од поголемите трагедии што ја погодиле Македонија. Денеска навршуваат пет години од пожарот во модуларната ковид-болница во Тетово. Загинаа 14 лица, десетина беа повредени.
-
Македонија 08.09.2026 14:43
Претрес во неготинско, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
На 07.09.2026 во 18:30 часот во село Дуброво, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Х.Т.(20) од Дуброво и неговата 17-годишна невенчана сопруга. Со наредба од Основен суд Кавадарци, бил извршен претрес во домот на Х.Т.
-
Македонија 08.09.2026 14:00
Бурни 35 години независна Македонија
8 Септември 1991 година – македонските граѓани во огромно мнозинство гласаа на референдумот и заокружија „за“ на прашањето „Дали сте за суверена и независна држава Македонија, со право на влез во идниот сојуз на суверените држави на Југославија?“ На централниот плоштад, пред илјадниците присутни,
-
Македонија 08.09.2026 13:04
Гаши: Заедно да градиме држава за сите
Државата се гради секој ден – со функционални институции, еднакво право за сите, со одговорност и работа, и со луѓе кои веруваат дека нивната лична иднина е поврзана со заедничката иднина на државата, вели во честитката, собранискиот спикер, Африм Гаши.
-
Македонија 08.09.2026 12:27
Независноста го чува континуитетот од двата Илиндена
Осми Септември е симболичен, трет, Илинден и е кулминација на претходните два – создавање македонска држава со организиран институционален систем, смета историчарот Зоран Богески.










