Претседателката Сиљановска-Давкова уште еднаш им го честиташе престижното признание на младите инженери, истакнувајќи ја важноста на нивното знаење, стручност и потенцијал за идниот развој на државата.
-
Македонија 05.09.2026 19:18
-
Македонија 05.09.2026 18:04
До крајот на годината струмички Комуналец ќе добие нови пет нови возила
Преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Општина Струмица ќе добие специјализирано комунално возило за собирање на комунален отпад во вредност од 150 илјади евра.
Првиот човек на Струмица Петар Јанков најави набавка и на други комунални возила за струмички Комуналец.
-
Македонија 05.09.2026 16:24
17 години од бродската несреќа во Охрид
17 години од трагедијата на Охридското езеро во која при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 бугарски туристи. На петти септември 2009 година, околу 10:30 часот, б
-
Македонија 05.09.2026 15:47
Изградена првата градинка во Општина Могила
Нова можност во Општина Могила. Конечно и мајките ќе можат да градат своја кариера откако е изградена првата градинка во која ќе бидат згрижени четириесетина деца. Малата Николија со нетрпение чека да бидат отворени нејзините врати.
-
Македонија 05.09.2026 15:00
Лекови и хемикалии-стапица за децата
Дури 16 дечиња под четиригодишна возраст од почетокот на годината побарале помош во кумановската болница, поради труење. Од детското одделение информираат само во август се обратиле шест деца. Најчести труења појаснуваат се од лекови, антибиотици, седативи, лекови за срце или дијабет.
-
Македонија 05.09.2026 14:14
Во Струга затворени 4 подрачни училишта, 35 наставници останаа без договор
Во Богојци, Поум, Џепин и Нерези годинава не заѕвони училишното ѕвонче. Четирите подрачни училишта, престанаа со работа, поради малиот број ученици. Во Нерези немало ниту едно дете, во Богојци и Поум по три, а во Џепин четири.
-
Македонија 05.09.2026 13:30
Два нови позитивни случаи на западнонилска треска
Од анализите на 4 сомнителни случаи на западно – нилска треска, два се позитивни, информираат од Институтот за јавно здравје. Досега во Македонија се потврдени 56 заразени со вирусот
-
Македонија 05.09.2026 11:40
Потпишан Меморандум за разбирање и соработка во областа на социјалните услуги помеѓу надлежните министерства на Северна Македонија и Турција
Министерството за социјална политика, демографија и млади на Република Северна Македонија, и Министерството за семејство и социјални услуги на Република Турција потпишаа Меморандум за разбирање и соработка во областа на социјалните услуги.
-
Македонија 05.09.2026 10:03
Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструираната стара чаршија во Гевгелија
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштањето во употреба на реконструираната Стара чаршија во Општина Гевгелија
Како што соопштуваат од владината прес-служба, по завршувањето на настанот, предвидена е изјава за медиумите да даде премиерот.
-
Македонија 05.09.2026 09:12
ЦУК: Пожарот кај Грачани сè уште активен
Во последното деноноќие Центарот за управување со кризи регистрирал 31 пожар на отворен простор, од кои 2 се активни, 5 се под контрола и 24 се изгаснати.










