Лидерот на СДСМ, Венко Филипче прифаќа тет-а-тет средба со премиерот Мицкоски за да го образложи планот за реформа на системот.
-
Македонија 02.04.2025 13:24
-
Македонија 02.04.2025 13:12
Надојдената Маркова Река поплави објекти
Надојдената вода на Маркова Река поплави делови од Студеничани, Кисела Вода и Аеродром. Има пријавени за поплавени куќи, магацини и индустриски објекти во Студеничани и Батинци, како и во Горно Лисиче. Механизацијата е на терен.
Известува Андријана Ѓурческа
-
Македонија 02.04.2025 13:02
Јавна седница во скопска Апелација за Ласкарци
Во скопска Апелација се одржува јавна седница за Ласкарци, за автобуската несреќа од 2019-та, кога загинаа 16 патници, а над 30 беа повредени. Ова следува откако Обвинителството поднесе жалба.
-
Македонија 02.04.2025 12:55
Советот на јавни обвинители даде негативно мислење за разрешување на Коцевски
Советот на јавните обвинители даде негативно мислење за владиниот предлог за разрешување на републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски.
-
Македонија 02.04.2025 12:45
Чибишев: Со брза реакција за среќа ги одржавме во живот сите пациенти
Инхалаторните труења прават опструкции, со брза реакција ги одржавме во живот сите пациенти, вели директорот на Токсикологија, Андон Чибишев, потсетувајќи се на кобната несреќа во Кочани.
-
Македонија 02.04.2025 12:20
Филипче повика на воспоставување нов општествен и политички дијалог
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, повика на воспоставување нов облик на политички и општествен дијалог, кој ќе овозможи дефинирање на долгорочна стратегија за развојот на државата.
-
Македонија 02.04.2025 11:35
Лишени од слобода три лица од кривопаланечко поради извршено кривично дело убиство
Вчера во 18.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода З.Ф. (24), С. Ф. (19) и С.Ф.(44) од село Луке, кривопаланечко. Тие се сомничат дека го убиле Љ.С. (84) од село Луке, кој на 29.03.2025 бил пријавен за исчезнат.
-
Македонија 02.04.2025 11:18
Муртезани: Со зајакнати капацитети кон поефикасна реализација на ИПА програмите
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, во улога на Национален координатор за ИПА (NIPAC), денеска го копретседаваше Третиот состанок на Мониторинг комитетот за Инструментот за претпристапна помош ИПА III, нагласувајќи ги актуелните политички и технички предизвици поврзани со ефикасното
-
Македонија 02.04.2025 10:40
Сојуз на средношколци: Државната матура ќе се полага во училишните простории
Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар го прифатиле барањето на Сојузот на средношколци, државната матура да се полага во училишните простории наместо во амфитеатрите на факултетите, информираат од Сојузот.
-
Македонија 02.04.2025 10:12
Се стабилизира состојбата со излевањето на Маркова река
Се стабилизира состојбата со излевањето на Маркова река. Поради зголеменото ниво реката се излеа преку мостот кај Љубош по што беа поплавени куќи, дворови, магацини и индустриски објекти во селата Батинци и Студеничани.
Известува Симона Илиеска- Бачваровска










