На 20-ти март, четврток, Македонија ќе се прости од 59-те жртви од најголемата трагедија во поновата историја. Најголем дел од загинатите ќе бидат погребани на градските гробишта во Кочани.
-
Македонија 18.03.2025 18:20
-
Македонија 18.03.2025 18:04
Влада: Извршени се 50 контроли во угостителски објекти
Инспекторите од Пазарниот инспекторат и надлежните од Министерството за економија на терен, се вршат контроли, ќе бидат затворени сите ноќни клубови што не ги исполнуваат условите – порача премиерот Мицкоски.
Марина Стојанова - Тонева ги има деталите.
-
Македонија 18.03.2025 17:46
Мерка краткорочен притвор изречена на 16 лица
До изгорената дискотека во Кочани е пронајде резервоар за гориво, но од МВР потврдија дека истиот бил празен. Инспекции влегоа во Општината. Се проверува документацијата поврзана со дискотеката „Пулс“ во Кочани. Мерка краткорочен притвор изречена на 16 лица. Истрагата продолжува.
-
Македонија 18.03.2025 17:38
Тошковски: Незаконито, без факти била издадена лиценца
Се зголемува бројот на осомничени, краткотраен притвор за 16 лица во врска со пожарот во дискотеката во Кочани. Во затворот во Шутка се и ексминистерот Бектеши и поранешниот директор на Пазарна, Трајковски.
-
Македонија 18.03.2025 17:19
ЕУ земји ги отвораат вратите за нашите пациенти
Со хеликоптер на хрватската армија двајца пациенти утринава се пренесени на лекување во Клиниката за траума на Клиничкиот болнички центар „Сестри на милосрдието“ во Загреб, Хрватска. Според здравствените власти, едно од нив е малолетно лице.
-
Македонија 18.03.2025 16:46
Повредените хоспитализирани во болниците во земјава и во странство се во релативно стабилна состојба
Релативно стабилна е здравствената состојба на повредените по катастрофалниот пожар во дискотеката во Кочани кои се хоспитализирани во земјава и во странство. Лекарите предупредуваат дека кај дел состојбата може да се промени и да се влоши по 72 часа.
-
Македонија 18.03.2025 16:29
Министрите Муцунски и Таравари во посета на повредените во Солун
Тројцата повредени во болницата „Папаниколау“ се во сериозна, но стабилна состојба, биле информирани министерот за надворешни работи Муцунски и министерот за здравство Таравари при посетата во Солун.
-
Македонија 18.03.2025 16:17
Тошковски: Идентификувани сите починати лица, обдукцијата е завршена
Обдукцијата на починатите во пожарот во дискотеката во Кочани е завршена денеска, соопшти попладнево министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
-
Македонија 18.03.2025 15:32
Погребот на починатите в четврток
Погребот на загинатите во пожарот во Кочани ќе се одржи на 20-ти март. Оваа информација ја соопшти директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, а порака кон верниците упати и Митрополитот брегалнички г. Иларион.
Од Штип известува Славица Величковска
-
Македонија 18.03.2025 15:18
ОЈО: Мерка краткотраен притвор изречена на 16 лица
До изгорената дискотека во Кочани е пронајден резервоар со гориво под земја и пумпа за точење. При претрес одземена е документацијата поврзана со дискотеката „Пулс“ во Кочани. Продолжува истрагата. Се зголемува бројот на осомничени поврзани со пожарот во кој има 59 жртви.










