За помалку од половина час е закажана нова прес- конференција во МВР. Министерот Тошковски разреши седум началници и командири од СВР Штип и од Кочани. Петмина од осомничените спроведени во истражниот затвор во Шуто Оризари.
-
Македонија 18.03.2025 15:10
-
Македонија 18.03.2025 15:03
Студенти и професори им оддадоа почит на загинатите во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“
Стотици студенти, заедно со нивните професори, декани и службеници вработени во ФИНКИ, Електротехнички, Машински, Технолошко-металуршки и други факултети, им оддадоа почит на загинатите 59 врсници, но и помлади од нив во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16-ти март.
-
Македонија 18.03.2025 14:44
МВР: Зголемено присуство на полициски службеници низ цела држава
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека овие денови има зголемено присуство на полициски службеници на територија на цела држава, особено во градот Кочани и околу општинската зграда.
-
Македонија 18.03.2025 14:03
Таравари: Сите хоспитализирани пациенти во Солун во моментот се во стабилна состојба
Министерот за здравство Арбен Таравари, денеска во раните утрински часови заедно со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски и д-р Илир Вела, пристигнаа во Солун со цел да ги посетат и да се информираат за здравствената состојба на хоспитализираните пациенти.
-
Македонија 18.03.2025 13:41
Мицкоски: Нема да функционира објект без лиценца
Инспекторите од Пазарниот инспекторат и надлежните од Министерството за економија на терен. Се вршат контроли, ќе бидат затворени сите ноќни клубови што не ги исполнуваат условите – порача премиерот Мицкоски. Се истражува кој работел незаконски, а бил оставен да функционира.
-
Македонија 18.03.2025 13:32
Тошковски со одлуки за разрешувања во МВР
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагичната несреќа во Кочани донесе повеќе одлуки за разрешувања на началници и командири во рамки на Министерството за внатрешни работи.
Се разрешуваат:
1. Началник на Сектор за внатрешни работи Штип
-
Македонија 18.03.2025 13:30
Претрес во Општина Кочани, се одземаат документи
Во општината во Кочани се врши претрес, надлежни институции одземаа дел од документацијата во врска со надлежностите на администрацијата околу дозволите за работа на дискотеката.
-
Македонија 18.03.2025 13:28
Клековски: Сите да се пријават на преглед што биле на местото на несреќата независно дали чувствуваат симптоми
Бројот на хоспитализирани кои по пожарот во дискотеката во Кочани надминува 160 заедно со примените во приватните болници, 70 се транспортирани во странство – ова се информациите од Фондот за здравство.
-
Македонија 18.03.2025 13:25
Трае обдукцијата на настраданите, процесот се одвива според предвиденото
Трае обдукцијата на настраданите во пожарот во кочанската дискотека. Александар Станков, директор на Институтот за судска медицина и криминалистика, засега не открива врз колку тела е завршена обдукцијата, но вели дека се работи со планираното темпо.
-
Македонија 18.03.2025 13:16
Стабилна состојба на повредените кои се хоспитализирани во скопските клиники, има и потешки случаи
Изутрина лекарските тимови информираа дека се во стабилна состојба повредените кои се хоспитализирани во скопските клиники. Има и потешки случаи кај кои е непредвидлива ситуацијата. Дел ќе се транспортираат во медицински центри во странство.









