Како што претходно објавивме, градоначалникот на Кочани, Папазов, си поднесе оставка и повика на темелна истрага. Во градот собир на граѓани во знак на почит на жртвите.
Марија Котовска известува од Кочани.
Како што претходно објавивме, градоначалникот на Кочани, Папазов, си поднесе оставка и повика на темелна истрага. Во градот собир на граѓани во знак на почит на жртвите.
Марија Котовска известува од Кочани.
Трагедијата во Кочани претставува масовно убиство, тука нема милост, дециден премиерот Мицкоски. Во пожарот во Кочани загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. Најголем дел од повредените се на скопските клиники, а преостанатите сè уште се пренесуваат во странски земји.
Четиринаесет осомничени, за големата трагедија во Кочани меѓу нив и ексминистерот Бектеши, кој од Скопје вечерва е пренесен во кочанското Обвинителството. Претходно исказ даде и градоначалникот Папазов, кој си поднесе оставка.
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денес имаше координативен состанок со директорот на Државен пазарен инспекторат Влатко Стојаноски и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на кои се разговараше за досегашните постапки кои се преземани од надлежните институции и опсежната анализ
Дел од загинатите во трагедијата се од Штип. Градот тагува, и таму имаше собир за оддавање почит на настраданите.
Од Штип известува Славица Величковска.
Трагедијата во Кочани претставува масовно убиство – тука нема милост, за уши ќе ги вадиме и ќе одговараат – порача премиерот Мицкоски. Тој откри дека на ниво на држава се издадени само 12 лиценци за кабареа, што значи дека огромен број објекти работат на диво.
Осомничени на распит во обвинителство. Побарани се притвори, вклучително и за екс-министерот за економија, Крешник Бектеши. Со предистрагата се опфатени 14-мина, соопшти обвинителот Коцевски.
Повеќе од 50 повредени се на лекување во странство. Уште пред формирањето на кризниот штаб во МНР и активирање на механизмот за цивилна заштита и помош на ЕУ, стигнале понуди од соседни и пријателски земји за помош. 12 часа по трагедијата, првите 4-ца пациенти биле пренесени во Грција.
Не е време за политизирање на случајот. Во моменти на огромна болка и тага важно е да останеме единствени и сплотени, порача претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз, Венко Филипче. Фокусот сепак е на истрагата.
Девет пациенти кои се здобија со тешки телесни повреди во пожарот во Кочани, се хоспитализирани во Ургентниот клинички центар на Србија, додека седум пациенти се примени на Воената медицинска академија (ВМА).