-
Македонија 05.03.2025 13:34
Онколошки пациентки бараат реконструкција на дојка
Рак на дојка е една од болестите кои бележат пораст во земјава. И покрај постојаните препораки за рана детекција, сепак листата на заболени се зголемува, а алармантно е што сè поголем е бројот на млади жени и девојки. На оваа тема денеска се говори на Медицинскиот факултет. -
Македонија 05.03.2025 13:23
Мицкоски: Немешање во правниот поредок
Премиерот Мицкоски по враќањето од Будимпешта денеска заедно со министерот за локална самоуправа Перински во теренски посети на општините. Многу дилеми околу локалните избори. ДУИ се закани дека ќе ги бојкотира локалните избори.
-
Македонија 05.03.2025 13:17
Продолжи судењето за двојното убиство, одбраната презентира докази
Во Кривичниот суд ново рочиште за двојното убиство. Одбраната ги презентира доказите на првообвинетиот Палевски. Што се случуваше денеска во судницата?Ирина Гелевска го следи судењето. -
Македонија 05.03.2025 13:14
Кривична пријава за обвинителот Коцевски
Додека Советот на јавните обвинители го разгледува предлогот за разрешување на државниот обвинител Коцевски, Македонската телевизија дознава дека денеска за него стигна кривична пријава од виш обвинител.
Повеќе од Анита Димитријевска-Велковска.
-
Македонија 05.03.2025 12:39
Муртезани: Поддршката на Шведска претставува пошироко стратешко партнерство
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска беше домаќин на делегација на амбасадори на Шведска во посета на Министерството за европски прашања, со кои одржаа тркалезна маса во контекст на шведската поддршка за евроинтегративниот процес на Северна Македонија.
-
Македонија 05.03.2025 12:36
Жртви поради ниска сообраќајна култура и свест
Македонските патишта остануваат закана за човековиот живот. Две жртви за едно деноноќие. Речиси секојдневно се случуваат сообраќајки во кои смртно страдаат учесниците. 19 годишник од Тетово беше приведен откако по сообраќајка со друго возило почина 81 годишна жена.
-
Македонија 05.03.2025 11:56
Продолжува судскиот процес против Мерко за набавката на луксузниот автомобил
По промената на судијата, одново започна главната расправа против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, за набавката на луксузниот автомобил „Ауди А6“.
-
Македонија 05.03.2025 11:40
МВР: 777 санкции за возачи во текот на вчерашниот ден, 212 за пребрзо возење
На подрачјата на осумте сектори за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден полициските службеници, во рамки на интензивните сообраќајни контроли, издадоа вкупно 777 платни налози, по преземени мерки по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.
-
Македонија 05.03.2025 11:22
Јавен повик за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година
Денес е објавен Јавен повик бр. 01/2025 за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во руралниот развој за 2025 година.
-
Македонија 05.03.2025 11:09
Запленети 18 килограми сребро, како и 1.852 парчиња облека, обувки и играчки со потпис на заштитени трговски марки
Царинските службеници на влез во државата на граничен премин Богородица спречија обид за криумчарење на околу 18 килограми сребрен накит и 180 парфеми од 100 ml со вкупна вредност од 1,18 милиони денари. Против едно лице, косовски државјанин е поднесена и изречена пресуда од надлежен суд.










