Еден имал куќна слава, на друг му почнала градежна сезона, трет имал обврски како менаџер на хотел. Ова се оправдувањата на сведоците, поради кои денес повторно беше одложено судското рочиште против градоначалникот Рамиз Мерко. За незаконско поставување на директори.
-
Македонија 06.03.2025 17:51
-
Македонија 06.03.2025 17:22
Цвеќарниците ги прават последните подготовки пред 8 Март
Во малата цвеќарница на цветниот пазар во Скопје, Данче ги прави последните подготовки пред 8 Март, аранжира зумбули, вели нив секој ќе може да си дозволи, една саксија чини 100 денари.
-
Македонија 06.03.2025 16:15
Хрватска со поддршка за евроинтеграцијата
Искрено пријателство, соработка и дијаспора цврста како мост ги поврзуваат Македонија и Хрватска, истакнаа спикерите на македонското Собрание и хрватскиот Сабор, Африм Гаши и Гордан Јандроковиќ.
-
Македонија 06.03.2025 15:49
Муцунски: Траен мир во Украина е во интерес и на Македонија, но мора да ги задржиме добрите односи и со ЕУ и со САД
Постигнување на траен мир во Украина е во интерес и на Македонија, но мораме да ги задржиме добрите односи и со ЕУ и со САД, смета шефот на дипломатијата Муцунски.
-
Македонија 06.03.2025 15:22
Скопје, Битола и Куманово со најголем број на заболени од грип
Грипот зеде уште еден живот. Почина 82-годишна скопјанка која се лекувала на Клиниката за пулмологија. Не била вакцинирана против сезонски грип, а имала и други хронични заболувања. Ова е четврти смртен случај сезонава.
-
Македонија 06.03.2025 14:57
Коцевски го доби предлогот за разрешување поднесен од страна на Владата
Државниот обвинител Љупчо Коцевски го доби предлогот за разрешување поднесен од страна на Владата, соопштуваат од прес службата на Обвинителството.
-
Македонија 06.03.2025 14:36
Првиот човек на синдикатите ја злоупотребува позицијата во ССМ, обвини ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ има за цел преку ССМ да ја закочи државата, а десетици милиони евра наместо во развој, да се трошат на придонеси, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата обвинија дека првиот човек на синдикатите со непринципиелните сојузи со СДСМ и Левица, ја злоупотребува позицијата во ССМ.
-
Македонија 06.03.2025 14:02
Мицкоски – Јандроковиќ: Унапредување на билатералните односи и поддршката на европскиот пат на Македонија
Денеска остваривме средба со Претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, на која разговаравме за унапредување на билатералните односи и поддршката на европскиот пат на Македонија, објави премиерот Христијан Мицкоски на фејсбук.
-
Македонија 06.03.2025 13:38
На цветниот пазар се подготвуваат за 8 Март
Се ближи празникот на жената, а симбол на 8 Март е цвеќето. Одбележувањето на денот на жената е и профитабилен бизнис. Дали бранот поскапувања ќе ја покачи и цената на цвеќињата?
Наташа Јанчиќ-Менкоски се јавува од цветниот пазар.
-
Македонија 06.03.2025 13:29
Влијанието на климатските промени на цвеќарството
Како влијаат климатските промени на одгледувањето цвеќиња и колку може да си го дозволат и производителите и купувачите?










