На 31.01.2025 во 08.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.З.(34) и В.М.(40) од Куманово. Тие се сомничат дека претходно во продажен објект на улица „11 Октомври“ во Куманово со закана со остар предмет кон вработената одзеле пари од дневниот промет.
-
Македонија 31.01.2025 18:24
-
Македонија 31.01.2025 17:45
Почина новинарот Ѓорѓи Томиќ
По кусо боледување денеска на 42-годишна возраст почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.
Томиќ долги години работеше како уредник во информативната редакција на Канал 5 телевизија. Тој остави значаен белег во своето известување и аналитички пристап.
-
Македонија 31.01.2025 17:21
Неготино оддаде почит на загинатата Фросина Кулакова
Тага во Неготино, сограѓаните се простија од младата Фросина Кулакова која беше усмртена на пешачки премин на булеварот Партизански одреди во Скопје. На мирен протест бараат најстрога казна за возачот кој пијан и без возачка дозвола и го одзема животот.
-
Македонија 31.01.2025 17:02
Тројца обвинители добија кривични пријави
Тројца обвинители, меѓу кои и државниот, добија кривични пријави од нивниот колега Цветановски. По одлуката за негова суспензија, тој ги пријави Коцевски, Стефанова и Вели за злоупотреба на службената положба бидејќи, како што смета, незаконски ја спровеле контролата во Вишото обвинителство.
-
Македонија 31.01.2025 16:27
Со протест граѓаните побараа правда за Фросина и сите жртви од сообраќајни незгоди
Пијан, без возачка дозвола, на црвено светло, на 20-годишниот возач кој ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино, ова не му бил не му бил прв прекршок – потврди Обвинителството.
-
Македонија 31.01.2025 15:22
Мицкоски најавува ригорозна казнена политика, Филков ќе ги менува работите од корен
Системот ќе мора да се менува од корен. Министерот Филков со реакција, откако и граѓаните на протест го изразија незадоволството затоа што институциите потфрлиле и не го санкционирале на време момчето кое пијано, без дозвола, со голема брзина на „Партизанска“ усмрти девојка на пешачки премин.
-
Македонија 31.01.2025 14:36
Лекарите од Клиниката Козле бараат разрешување на в.д. директорката Симоновска
Лекарскиот колегиум бара докторката Веселинка Митровска-Јосифова, којашто добила отказ, да се врати на работа. Причината за отказот е што доктората била физички присутна во кабинетот за бронхоскопија кога се вршела интервенција на вадење туѓо тело од дишните патишта на дете.
-
Македонија 31.01.2025 14:05
Јаневска: Министерството има сериозен пристап кон забелешките за новата концепција
Добро е тоа што нацрт-концепцијата за гимназиско образование предизвика големи реакции и дебати во јавноста. Министерството за образование има сериозен пристап кон сите забелешки.
-
Македонија 31.01.2025 13:21
Граѓаните бараат правда за Фросина Кулакова
Протест на местото каде загина 22 годишната студентка Фросина од Неготино прегазена од возач без возачка дозвола. Граѓаните револтирани по трагедијата и судската пракса, бараат правда, институционална одговорност и санкции за несовесните возачи. -
Македонија 31.01.2025 13:02
Истрага за сообраќајната несреќа на „Партизанска“
Пијан, без возачка дозвола, поминал на црвено – Кривичниот суд му определи 30 дневен притвор на 20 годишниот Васил Јованов кој ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино.










