Македонската ракометна репрезентација денеска на светското првенство ќе ги одмери силите со Катар. Мечот почнува во 15:30 часот. Секако на Македонската телевизија, отворено студио пред стартот на натпреварот.
Дамјан Николовски известува од Вараждин.
Македонската ракометна репрезентација денеска на светското првенство ќе ги одмери силите со Катар. Мечот почнува во 15:30 часот. Секако на Македонската телевизија, отворено студио пред стартот на натпреварот.
Дамјан Николовски известува од Вараждин.
По немилиот настан кој се случи во прилепско, кога шестоодделенец падна од третиот кат на училиштето, сè уште се истражува дали се работи за несреќен случај или тик-ток предизвик. Не секоја ситуација треба да се поврзува со социјалните мрежи.
Граѓаните кои се греат на градското парно се соочуваат со проблеми во делови од Скопје, во изминатите три дена. Во центарот на главниот град на одредени локации воопшто и немаше греење.
Известува Борис Грујоски.
Во Kуманово во посета евроамбасадорот. Рокас смета дека ЕУ треба да остане стратешка цел на Македонија. Кои пораки ги испрати евроамбасадорот?
Известува Елена Геориевска од Куманово.
Кривичниот суд ја уважи амнестијата на четворица обвинети кои беа гонети како организатори на упадот во Собранието на 27-ми април. Трајко Вељановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски и Владимир Атанасовски можат да си заминат дома.
Расте бројот на заболени со грип. За една недела повеќе за 34 проценти регистрирани од минатата недела. Амбулантите се полнат, а најбројни се децата. Последниот извештај на Институтот за јавно здравје покажува дека заразните болести имаат тренд на пораст.
Мораме да го задржиме правецот кон Европската унија, а секое приближување кон САД е добро. Во моментов Трамп е оптоварен со светските прашања, а не со одблокирање на нашата евроинтеграција, коментираат наши амбасадори.
Во изминатиот период беа формирани работни групи за изготвување на предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за Судски совет и предлог измени на Кривичниот законик, информираат од Министерството за правда.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со членови на делегацијата со која е во Вашингтон, остварил средба со семејството Руси, по потекло од Дебар, кое повеќе генерации живее во САД.
Кривичниот суд го уважи барањето за амнестија на обвинетите за случајот „Организатори на 27 април“ – ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристески, поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски и поранешниот директор на УБК, обвинетиот Владимир Атанасовски.