Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалникот на општина Неготино, Горан Стојанов, денеска го пушти во употреба реконструираното фудбалско игралиште, уште еден во рекордно време реализиран проект на Министерството за спорт за подобрување на спортската инфраструктура.
-
Македонија 08.01.2025 13:34
-
Македонија 08.01.2025 13:27
Мицкоски: Очекувам критики кои не се основани
Премиерот Мицкоски не очекува дека интерпелациите на министрите ќе бидат успешни. Кој е ставот на премиерот за работата на владините претставници.
Славица Величковска известува од штипско, каде во посета беа владините претставници.
-
Македонија 08.01.2025 13:25
За 15 месеци 500 вработени го напуштиле ЈСП
Проблемите со јавниот превоз не запираат. Откако нафта се обезбеди за одреден временски период, од јавното претпријатие си заминуваат вработени.
Известува Александра Спировска.
-
Македонија 08.01.2025 13:18
Отказно решение за Артан Груби
Поранешниот вицепремиер Артан Груби доби отказ од Тетовскиот универзитет каде работи како професор. Причина за постапката, по 13 години работен ангажман, е бидејќи не се појавил на Универзитетот откако заминал од земјава.
Известува Игор Панов.
-
Македонија 08.01.2025 13:10
Неопходна е промена на системот за затоплување во Скопје
Скопјани и денеска се разбудија во смог. Загадениот воздух се чувствува насекаде низ градот. Главниот град според светските мерења од утрово е меѓу 10-те градови со најголемо загадување во светот, а најзагаден е во Европа.
-
Македонија 08.01.2025 13:05
Струмичани бараат конкретни мерки за почист воздух
Струмица повторно се гуши. За Бадник и Божиќ државната мерна станица покажа присуство на штетните ПМ 10 и ПМ 2,5 честички повеќе од дозволеното. Надлежните повторно издадоа препораки и мерки за да се заштитат граѓаните на Струмица. Тие пак бараат итни и конкретни чекори за почист воздух.
-
Македонија 08.01.2025 12:01
Денеска се одбележува втор ден Божиќ – Собор на Пресвета Богородица
На вториот ден од Божиќ и се оддава слава на Пресветата Божја мајка којашто го роди спасителот наш Исус Христос. Ова празнување се нарекува нејзин Собор затоа што на тој ден се собираат сите верници за да ја прослават Богородица.
-
Македонија 08.01.2025 10:54
Надминат прагот на алармирање за загаденост на воздухот во Струмица, дадени се препораки
Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина
-
Македонија 08.01.2025 10:44
ЦУК: Вкупно 1.359 повици на 112 изминатото деноноќие
Вкупно 1,359 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи – 112 се евидентирани изминатото деноноќие. Пожарникарите гаснеа пожари во урбани и населени места.
Не се регистрирани пожари на отворен простор.
-
Македонија 08.01.2025 10:32
Скопје утрово најзагаден град во Европа, седми во светот
Скопје и утрово е меѓу 10-те градови со најголемо аерозагадување во светот. Според табелата на платформата за мерење на аерозагадувањето „Ај кју аир“, главниот град се наоѓа на седмо место во светот и е најзагаден град во Европа.










