Проблемите со јавниот превоз не запираат. Откако нафта се обезбеди за одреден временски период, од јавното претпријатие си заминуваат вработени.
Известува Александра Спировска.
Проблемите со јавниот превоз не запираат. Откако нафта се обезбеди за одреден временски период, од јавното претпријатие си заминуваат вработени.
Известува Александра Спировска.
Поранешниот вицепремиер Артан Груби доби отказ од Тетовскиот универзитет каде работи како професор. Причина за постапката, по 13 години работен ангажман, е бидејќи не се појавил на Универзитетот откако заминал од земјава.
Известува Игор Панов.
Скопјани и денеска се разбудија во смог. Загадениот воздух се чувствува насекаде низ градот. Главниот град според светските мерења од утрово е меѓу 10-те градови со најголемо загадување во светот, а најзагаден е во Европа.
Струмица повторно се гуши. За Бадник и Божиќ државната мерна станица покажа присуство на штетните ПМ 10 и ПМ 2,5 честички повеќе од дозволеното. Надлежните повторно издадоа препораки и мерки за да се заштитат граѓаните на Струмица. Тие пак бараат итни и конкретни чекори за почист воздух.
На вториот ден од Божиќ и се оддава слава на Пресветата Божја мајка којашто го роди спасителот наш Исус Христос. Ова празнување се нарекува нејзин Собор затоа што на тој ден се собираат сите верници за да ја прослават Богородица.
Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина
Вкупно 1,359 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи – 112 се евидентирани изминатото деноноќие. Пожарникарите гаснеа пожари во урбани и населени места.
Не се регистрирани пожари на отворен простор.
Скопје и утрово е меѓу 10-те градови со најголемо аерозагадување во светот. Според табелата на платформата за мерење на аерозагадувањето „Ај кју аир“, главниот град се наоѓа на седмо место во светот и е најзагаден град во Европа.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Православните христијани го слават рождеството Христово – Божиќ. Денеска – втор ден, во храмовите верниците и оддаваат слава и почит на Пресветата Божја мајка Богородица.
Желби за здравје и среќа, да ги негуваме традицијата и духовноста, беа божиќните пораки.