Возачките дозволи со старото име на државата од денеска престануваат да важат. Граѓаните кои ќе бидат затекнати со старата возачка ќе бидат санкционирани со парична казна од 100 евра,
-
Македонија 01.01.2025 11:51
-
Македонија 01.01.2025 11:23
Новата година во Охрид дочекана во прекрасна атмосфера
Илјадници туристи од земјава и регионот заедно со своите домаќини во прекрасна атмосфера ја дочекаа Новата 2025 година на градскиот плоштад, во хотелите, рестораните и туристичките населби долж езерскиот брег.
-
Македонија 01.01.2025 10:34
Дочек на Новата година во Скопје
Весели, разиграни, како и милиони луѓе низ светот, дел од нашите сограѓани, Новата година ја дочекаа на градскиот плоштад во Скопје. Без оглед на возраста, желбите се исти.
За новогодишната забава беа задолжени Сара Мејс, Љубојна, Ареа и Нокаут.
-
Македонија 01.01.2025 10:14
Помилувања од претседателката Сиљановска Давкова по повод новогодишните празници
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод новогодишните празници донесе одлука за помилување на 7 осудени лица, од кои 1 потполно, а 6 лица делумно се ослободуваат од понатамошно извршување на казната затвор.
-
Македонија 01.01.2025 09:49
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 01.01.2025 09:18
ЈСП ќе сообраќа по неделен возен ред
Јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, при што денеска првите вклучувања на возилата на ЈСП СКОПЈЕ и приватните превозници ќе бидат подоцна од вообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред
-
Македонија 01.01.2025 08:50
Претседателката Сиљановска Давкова во посета на штипската касарна „Јане Сандански“
Претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, придружувана од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска ќе ги посети припадниците на Армијата во касарната „Јане Сандански“ во Штип.
-
Македонија 01.01.2025 08:32
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на отворање на новиот скијачки центар „Михајлово“
Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на отворање на новиот скијачки центар „Михајлово“.
Како што најавија од владината прес-служба, предвидено е изјава за медиуми да даде премерот Мицкоски.
-
Македонија 01.01.2025 08:04
Првото бебе во 2025 е машко
Првото бебе во 2025 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.01 часот. Станува збор за новороденче од машки пол тешко 3.190 грама, долго 50 сантиметар и е прво на мама и тато.
-
Македонија 01.01.2025 07:48
Наутро студено, преку денот сончево и тивко
Наутро студено време со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево и тивко со мала локална облачност.










