Од денеска Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје сообраќа по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.
Возниот ред е достапен на веб-страницата на ЈСП.
Од денеска Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје сообраќа по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.
Возниот ред е достапен на веб-страницата на ЈСП.
Скопје повторно е меѓу најзагадените градови во Европа и светот.
Главниот град во моментов е на 12-то место во светот по загаденост на воздухот, според листата на IQAir, а во европски рамки е втор, зад Сараево.
Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -7 степени, -6 степени било во Скопје Петровец, Битола, Струмица и Тетово, -5 во Штип и Велес, -4 во Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Кавадарци, Прилеп и Крива Паланка, -3 во Гевгелија, -2 во Маврови Анови и Претор, -1 во Охрид и Виница, 0 во
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Намалена видливост поради појава на магла има кај Неготино до 30 метри и Д.Капија до 50 метри.
Наутро студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до -3, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
На 31.12.2024 полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во с.Синѓелиќ ги лишија од слобода Џ.А.(29) од с. Синѓелиќ и Л.А. (33) од Скопје.
Кај Џ.А., на импровизирана тезга, пронајдени се 8.598 пиротехнички средства, а кај Л.А. 4.641 пиротехнички средства.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во новогодишната видео честитка порачува дека фокусот во 2025 година ќе биде евроинтеграцијата на државата, придонесот во НАТО и цврстото партнерство со САД.
Јаков е првото родено бебе во Новата година, но и прва рожба за семејството Догазански. На свет дојде една секунда по полноќ. 32-годишната Сања го родила со царски рез, со тежина од три килограми и 190 грама.
„Нашата Армија држи чекор со најсовремените трендови, но посакувам ова оружје да не се користи. Посакувам оваа година мирот да биде главна опција“, изјави македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова.
Горди на својата 97-годишна традиција. Дебармаалци повторно на први јануари во Идадија. Во Дебар Маало. Ја поделија погачата ги кренаа чашите си посакаа здравје и бериќет. Го раширија орото онака како што го прават безмалку цел век.