За квалитетот на водата во Гостивар, анализата на добиените микробиолошки резултати од тестирањата, заседава Кризниот штаб.
Дали гостиварци ќе добијат питка вода, дали сè уште останува ставот дека е подобрен квалитетот, известува Викторија Милевска.
За квалитетот на водата во Гостивар, анализата на добиените микробиолошки резултати од тестирањата, заседава Кризниот штаб.
Дали гостиварци ќе добијат питка вода, дали сè уште останува ставот дека е подобрен квалитетот, известува Викторија Милевска.
Центарот за јавно здравје Скопје прогласи епидемија на западнонилска треска во делови од Градот Скопје, по зголемениот број регистрирани случаи и активноста на вирусот.
Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, денеска спроведува вонредна акција за дезинсекција на подрачјето на населбата Драчево, со цел ефикасна заштита на граѓаните од комарци и спречување на нивното масовно размножување.
Денес и во петок августовски рок за екстерните испити од матурата за кандидатите кои не ја положија во јуни. Прво се полага математика или англиски јазик, односно историја, за уметничка матура, а на 14-ти август е полагањето на задолжителниот екстерен испит – мајчин јазик и литература.
Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани 24 пожари на отворен простор. Два се активни, два се ставени под контрола, а 20 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.
Во големата судница во „Идризово“ закажано рочиште за кочанската трагедија, во која загинаа 63 луѓе, а над 200 беа повредени. Продолжува со доказна постапка.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.
Секој Македонец е важен, изјаснете се како Македонци коишто имаат македонско потекло, зборуваат македонски јазик и припаѓаат на македонското православие.
Лидерот на интегративците Али Ахмети побарал од неговиот сопартиец Артан Груби да се врати во земјава и да се соочи со одговорност доколку ја злоупотребил неговата доверба.