Прес-конференција на министерот за здравство Алиу, на која информираше за трансформацијата на законската регулатива, со акцент на законското решение за лекови. Што конкретно беше во фокусот?
Наташа Јанчиќ - Менковски известува.
Прес-конференција на министерот за здравство Алиу, на која информираше за трансформацијата на законската регулатива, со акцент на законското решение за лекови. Што конкретно беше во фокусот?
Наташа Јанчиќ - Менковски известува.
Кујната во РЕК Битола останува затворена, над 150 работници побарале лекарска помош со здравствени тегоби по консумирање на храна. Спроведен е инспекциски надзор, земени се мостри од храна и брисови од работните површини.
Александра Максимовска известува од Битола
На одбележувањето на 20-годишнината посветено работење и инвестиции во енергетската инфраструктура, во Скопје отворена нова трафостаница „ТЦ Централна“.
Праведни даноци, силна економија и енергетска автономија, нулта корупција и реформа на јавните претпријатија, потврден македонски идентитет, мултилатерализам и безбедност, реформи во образованието, здравството, животната средина.
Викендов ќе започне летното сметање на времето. Македонија и оваа година, како и сите европски земји, ќе премине од зимско во летно пресметување на времето.
Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ. Врнежи од снег има на планинските премини Стража, Буково, Ѓавато, Пресека, Маврово, Крушево и на Попова Шапка со мали остатоци од кашеста маса на коловоз по интервенција на дежурните служби.
Во Собранието денеска ќе заседаваат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и економски прашања, труд и енергетска политика, како и Законодавно-правната комисија.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m2), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи.