Лицата со попреченост излегоа на протест. Незадоволни се поради доцнењето на исплатата на личните асистенти. Марина Стојанова-Тонева го следеше протестот.
-
Македонија 15.10.2024 17:35
-
Македонија 15.10.2024 17:18
Лекарската комора го чека извештајот за смртта на 14-месечното бебе, па ќе одлучува за идните чекори
Какви мерки ќе бидат преземени и кој ќе сноси одговорност поради пропустите во лекувањето кај 14-месечното бебе кое пред 10-тина дена почина на Детската клиника ќе зависи од заклучокот на Лекарската комора. Извештајот на стручната комисија сè уште не го добиле.
-
Македонија 15.10.2024 16:49
Реконструкцијата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ тече според предвидената динамика
По 57 години се реконструира студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“. Од идната академска година студентите ќе се вселат во комплетно реконструирана зграда.
-
Македонија 15.10.2024 15:42
Бербок: Додека во ЕУ се одлучува едногласно, Македонија не може да почне преговори без уставни измени
Не станува збор за неправда, додека во Европската унија се одлучува едногласно, Македонија не може да почне преговори без уставни измени-ова е пораката која шефицата на германската дипломатија Бербок му ја пренесе на колегата Муцунски.
-
Македонија 15.10.2024 15:18
Македонија меѓу земјите со најлош јавен превоз
Учениците доцнат на часови, студентите на предавање, работниците на работните места поради нефункционалниот јавен превоз. По 45 минути се чека на автобуските постројки, автобусите и кога ќе пристигнат вратите одвај се затвораат од што се преполни.
-
Македонија 15.10.2024 15:00
Срцев удар е причината за смртта на поранешниот шкотски премиер Салмонд
Срцев удар е причината за смртта на поранешниот шкотски премиер Алекс Салмонд кој почина во саботата во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид каде учествуваше на второто издание на Форумот за културна дипломатија.
-
Македонија 15.10.2024 14:43
Многу бариери пред луѓето со оштетен вид
Бев жртва на дискриминација во нотарска канцеларија – раскажува Кристијан Лазарев, 29 годишник со целосно оштетен вид. За да заверат документ е потребно да одат со сведоци, што постапката ја прави макотрпна работа. Тој со часови чека во нотарски канцеларии или во банка.
-
Македонија 15.10.2024 14:14
Митева: Продолжуваме со објаснување на нашите политики за деблокада на процесот
Честитки за Тирана за почетокот на преговорите со Унијата, но истовремено жалење за тоа дека и покрај заслуженото и Македонија не ги отвори поглавјата, став на Владата.
Продолжуваме со објаснување на нашите политики за деблокада на процесот, изјави портпаролката Митева.
-
Македонија 15.10.2024 14:12
СВР Скопје го расчисти случајот со вчерашното пукање во Чаир
СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан случен вчера (14.10.2024) околу 18 часот во Скопје на ул. „Христијан Тодоровски-Карпош“, во близина на општина Чаир, каде што од огнено оружје во левата нога е повреден Е.А. (35) од Скопје.
-
Македонија 15.10.2024 13:56
Средба Филков- Вал, во фокусот реформи и проекти во правосудството
Министерот за правда Игор Филков оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал. Како што соопшти денеска Министерството за правда, се дискутираше за планираните реформи и проекти во правосудството во насока на владеење на правото.








