-
Македонија 03.10.2024 13:17
Изгаснат пожарот во Чаир, неизвесно кога станарите ќе се вратат во своите домови
По целодневна акција за гаснење на пожарот во десеткатницата во Чаир, пожарникарите конечно изутрина околу 3 часот и 30 минути успеале да се справат со огнените јазици. Засега е неизвесно кога станарите ќе се вратат во своите домови. Полицијата и пожарникарите сè уште се на терен. -
Македонија 03.10.2024 13:11
Тројца настрадани и еден повреден во сообраќајка
Тројца загинати на патот Битола — Прилеп. Сообраќајката се случила изутрина околу 7 часот и 45 минути. До несреќата дошло при директен судир на патничко возило со прилепски регистарски таблички кое се движело кон Битола и камион кој сообраќал во спротивна насока.
-
Македонија 03.10.2024 12:59
Кривична пријава за скопски градоначалник за злоупотреба на службена положба и овластување
Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за економски криминал и корупција во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против градоначалник на една скопска општина, пет лица вработени во Секторот
-
Македонија 03.10.2024 12:38
Обвинителството изврши увид на местото на тешката сообраќајна несреќа на патот Прилеп- Битола
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола во која утрово три лица го загубија животот, а едно е повредено.
-
Македонија 03.10.2024 12:30
Поликлиниката „Идадија“ доби нов апарат за магнетна резонанца
Повреда на колено е здравствениот проблем со којшто се соочува младиот скопјанец кој имал потреба за снимање на магнетна резонанца.
-
Македонија 03.10.2024 12:19
Франција преку свои експерти ќе ни помогне во процесот на реформи во правосудството
Министерот за правда Игор Филков одржа средба со Амбасадорот на Франција, Н.Е. Кристоф Ле Риголер на која се разговараше за соработката меѓу двете земји во областа на правосудството, проектите и реформската агенда.
-
Македонија 03.10.2024 12:17
Средба на министерот Мисајловски со амбасадорот Црна Гора, Миљаниќ
Министерот Владо Мисајловски денеска во Министерството за одбрана оствари средба со амбасадорот Црна Гора, Н.Е. Зоран Миљаниќ.
Мисајловски му посака успешна дипломатска мисија на амбасадорот Миљаниќ и изрази задоволство од досегашната билатерална одбранбена соработка со Црна Гора.
-
Македонија 03.10.2024 12:16
Мицкоски: ДУИ полека се навикнува да биде опозиција
ДУИ пополека се навикнува да биде опозиција, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со која ги повика Вреди да излезат од владата и да ѝ се приклучат на опозицијата.
-
Македонија 03.10.2024 11:59
Приведен крадец во Куманово
На 02.10.2024 во 18.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 17 – годишник од Куманово поради сомнение дека од угостителски објект на улица „Моша Пијаде“ во Куманово одзел повеќе предмети, информираат од МВР.
-
Македонија 03.10.2024 11:40
Претреси во Кичево, пронајдена дрога
Вчера во 15.30 и 16.15 часот во Кичево, полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кичево ги лишија од слобода Ј.Х.К.(58) од Швајцарија, со привремен престој во Кичево, и М.Р.(44) од Република Австрија, исто така, со привремен престој во Кичево.









