• Македонија 01.10.2024 09:09

    Најстудено во Берово и Лазарополе, најтопло во Гевгелија

    Во Берово и Лазарополе утрово се измерени минус два, а на Попова Шапка нула степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Температурата во Скопје е седум степени, а најтопло е во Гевгелија 12 степени.

  • Македонија 01.10.2024 09:00

    Хоспитализиран еден од обвинетите за двојното убиство

    Велешанецот Боре Видевски, еден од обвинетите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски е префрлен на Клиниката за Хефрологија. Според неговиот адвокат тој се наоѓа во тешка здравствена состојба и подолго време се жалел на болки.

  • Македонија 01.10.2024 08:58

    Ориентациски денови на УКИМ

    Универзитетското студентско собрание при УКИМ, во соработка со Факултетските студентски собранија, на неколку факултети успешно организираше воведни ориентациски денови со цел новозапишаните студенти да се упатат во светот на студиите и да се запознаат со дел од професорите и со нивните постари к

  • Македонија 01.10.2024 08:37

    Прв академски час за идните бруцоши

    Прв академски час за идните бруцоши. Почнува учебната година за новите студенти. На универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ имаше безмалку 10 илјади слободни места, пред 12 години таа бројка беше 12 илјади. Голем дел од факултетите поради слабиот интерес ги намалија квотите.

  • Македонија 01.10.2024 08:21

    Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози

    Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат од АМСМ.

    На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

  • Македонија 01.10.2024 08:03

    Свежо утро, преку ден сончево со умерена облачност

    Свежо утро, а преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Скопје минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 23 степени.

  • Македонија 01.10.2024 08:01

    Мицкоски ќе даде отчет за првите 100 дена од мандатот

    Премиерот Христијан Мицкоски ќе даде отчет за првите 100 дена од мандатот. Според најавите, ќе ги презентира проектите и мерките, но и предизвиците со кои се соочува државата, пред сè во евроинтеграциите.

  • Македонија 30.09.2024 21:57

    Земјотрес регистриран во источниот дел од Македонија

    Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтер регистриран во источниот дел од Македонија. Епицентарот е на 13 километри северно од Берово, со длабочина од 12 километри. 

  • Македонија 30.09.2024 21:00

    Приведен крадец во Прилеп, украденото вратено на сопственикот

    Вчера во 14.20 часот на улица „Ѓуро Салај“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.А.од Прилеп поради основано сомнение дека е извршител на кражба. Украденото е пронајдено и вратено на сопственикот.

  • Македонија 30.09.2024 19:35

    Се стопираат огласите со „балансерот“

    Се стопираат огласите со алатката „балансер“, со која еден од условите беше вработување по етнички клуч. Сега ќе се чека конечната одлука на Уставниот суд, Министерство за администрација издаде насоки до институциите. Ова не важи за кандидатите каде не се бара етникум.

Pages