Под мотото „Не игнорирај! Препознај!“, Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања „Раст“ денеска по 11-ти пат ќе се придружи на глобалната иницијатива за одбележување на Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата.
-
Македонија 20.09.2024 08:48
-
Македонија 20.09.2024 08:40
Муртезани во работна посета на Будимпешта
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, на покана на министерот за ЕУ прашања на Унгарија, Јанош Бока, денеска престојува во работна посета на Унгарија.
-
Македонија 20.09.2024 08:36
Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 20.09.2024 08:24
Министерката Јаневска на настан насловен „Запознајте ги суперучилиштата“
Денеска во Европската куќа во Скопје, министерката за образование и наука проф.
-
Македонија 20.09.2024 08:18
Почнува судењето за двојното убиство
Почнува судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Обвинението за Љупчо Палевски е споено со првото против четворицата соучесници, меѓу кои е и таткото на Вања, со образложение дека станува збор за исто дело и има заеднички докази.
-
Македонија 20.09.2024 08:13
Зголемена опасност од птичји грип
Болеста е појавена во повеќе од 30 земји во Европа.
Досега вирусот на птичјиот грип главно изумирал во текот на летото, но оваа епидемија трае преку целата година и полесно се шири меѓу птичјите популации, велат ветеринарите.
-
Македонија 20.09.2024 08:07
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
-
Македонија 19.09.2024 21:13
Без струја утре делови од Петровец и Кисела Вода
Без струја утре од 8:00 до 15:30 часот ќе бидат дел од корисниците во близина на регионалниот пат Скопје – Катланово, на потегот од бензинската пумпа „Макпетрол“ до исклучок кон село Огњанци, дел од улиците „3“, „7“ и „2“ во Општина Петровец.
-
Македонија 19.09.2024 20:41
Крводарителска акција во Собранието
Преку соработка на Институтот за трансфузиона медицина и Собранието на Република Северна Македонија, денес во законодавниот дом се одржа крводарителска акција во која крв даруваа пратениците и собраниската служба.
-
Македонија 19.09.2024 20:28
Општите седници на Врховниот суд ќе бидат јавни
Врховниот суд на Република Северна Македонија денеска на предлог на претседателката на судот, Беса Адеми, донесе измени на Деловникот за работа со кои се овозможува јавност на општите седници.










