Наставниците нема да штрајкуваат иако нема ветување за повисоки плати. Се преговара, но не е исклучена и оваа можност. СОНК и остава можност на министерката за образование да излезе со предлог до средина на септември.
-
Македонија 01.09.2024 10:51
-
Македонија 01.09.2024 10:21
Приведен битолчанец за изнуда, поднесена е кривична пријава
На 31.08.2024 во 10.30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.Д.(29) од Битола.
-
Македонија 01.09.2024 10:14
Скопје утре со редуциран автобуски превоз, за Град Скопје политички мотивирана одлука
Утре Скопје со редуциран автобуски превоз. Дел од приватните превозници на секоја линија ќе сообраќа по еден автобус еднаш во денот, наутро или навечер, што значи дека на скопските улици ќе има 100-на автобуси помалку.
-
Македонија 01.09.2024 10:09
Експресно изгаснат пожарот во планинарскиот дом на Водно
Пожарот во планинарскиот дом на Водно е изгаснат, се работи на расчистување на опожарената просторија, изјави командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески.
-
Македонија 01.09.2024 10:03
Утре почнува новата учебна година
Утре стартува новата учебна година. Обезбедувањето учебници, двосменското работење, повисоките плати, подобрувањето на наставните програми, на листата проблеми со кои ќе се справуваат институциите, наставниците и родителите.
-
Македонија 01.09.2024 09:14
Зголемена фреквенција на возила на „Табановце“ и „Богородица“
Зголемена фреквенција на возила утринава има на граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ за влез и излез од земјава, соопштува Авто мото сојузот на Македонија.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 01.09.2024 09:10
Пожар избувна во планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ на врвот на Водно
Центарот за управување со кризи информира дека пожар изби во планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ на врвот на Водно.
Екипи на БППЗ Скопје се упатија кон врвот, велат од ЦУК. Кон пожарот се движи и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Повеќе информации наскоро.
-
Македонија 01.09.2024 08:15
Сончево и топло време со температура до 35 степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Попладне во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ-индексот ќе биде 6.
-
Македонија 31.08.2024 19:43
Симптоми по убод од западно-нилски комарец
Кои се симптомите по убод од западно-нилски комарец. Според информации од Институтот за јавно здравје, најголем процент од клиничките случаи се манифестираат како благи форми, со симптоми слични на грип – температура, главоболки, мускулно-зглобни болки.
-
Македонија 31.08.2024 18:27
Истрага за обид за убиство против 36-годишник
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – убиство и до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот 36-годишник.










