Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. УВ индексот ќе изнесува 6.
-
Македонија 19.08.2024 08:41
-
Македонија 18.08.2024 19:59
СДСМ тврди дека починала пациентка која не била примена ниту на КАРИЛ ниту на Инфективна клиника
СДСМ тврди дека починала пациентка која во лоша состојба не била примена на интензивна нега на Инфективната клиника, а претходно била одбиена и од КАРИЛ. Во соопштението велат дека ова е скандалозно и итно бараат директорите на клиниките да одговрат зошто не била хоспитализирана.
-
Македонија 18.08.2024 19:35
До среда променливо облачно и нестабилно со локален дожд
До среда времето во земјава ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На повеќе места, според УХМР, процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.
-
Македонија 18.08.2024 18:29
МВР врши проверки, кабинетот на Гаши тврди дека посетата на Косово била транспарентна
Министерството за внатрешни работи проверува дали собранискиот спикер Гаши со службено возило заминал во Косово, откако на социјалните мрежи беа објавени снимки од мобилен телефон на кои е регистриран во редица на свадбена поворка.
-
Македонија 18.08.2024 18:03
Дождот го изгасна пожарот кај Цер
Дождот го изгасна и пожарот околу кичевското село Цер, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
-
Македонија 18.08.2024 17:32
Почина академик Глигор Каневче
Во 78-та година од животот, почина академик Глигор Каневче, редовен член на МАНУ.
-
Македонија 18.08.2024 17:26
Ден на Армијата, 32 години постоење
Армијата одбележа 32 години постоење. Признание за совесно и одговорно извршување на воените должности. Државата не ни е подарена, туку издвојувана и стекната со тешка и праведна борба порача претседателката и врховен командант Сиљановска Давкова.
-
Македонија 18.08.2024 16:46
Специјална комисија на Судскиот совет ќе одлучува дали има пропусти во одлуката на Пајазити
Со почетокот на новата работна недела, специјалната комисија на Судскиот совет ќе оценува дали имало пропусти во одлуката на судијата Пајазит Паразити од Кривичниот суд Скопје за бегството на косовецот Блерим Рамадани, којшто од домашен притвор избега од земјава.
-
Македонија 18.08.2024 16:07
Ангелов: Изгаснат пожарот на Галичица, нов на Плачковица
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, попладнево преку видео изјава, соопшти дека е изгаснат пожарот на Галичица. Нови пожари избиле на планината Плачковица и во Општина Илинден, додека реактивиран бил пожарот на пробиштипска територија, кај селото Неокази.
-
Македонија 18.08.2024 15:44
Гаши со службено возило бил на свадба во Косово
Собранискиот спикер Африм Гаши со службено возило бил на свадба во Косово. Либерално демократската партија прашува дали Гаши носел со себе патен налог и поседувал официјална документација за да може да оди по невеста со службено возило надвор од државата?









