За декларацијата претседателот на ДУИ Али Ахмети побара својот глас да го дадат присутните во Центарот за култура во Тетово каде се одржа состанокот на фронтот.
-
Македонија 02.06.2024 16:10
-
Македонија 02.06.2024 14:52
47-годишен маж убиен во тетовско Боговиње
47-годишен маж е застрелан од огнено оружје во Боговиње, по што им подлегнал на повредите. На свирепото убиство му претходела вербална расправија, а потоа 50-годишниот сторител почнал да стрела со пушка кон жртвата.
-
Македонија 02.06.2024 14:43
Мицотакис чека сигнал од Мицкоски
Грција бара од идниот мандатар Мицкоски јасно да изјави дека го почитува Преспанскиот договор. Нема да прифатиме името да не се употребува „ерга омнес“, односно поинаку за внатрешна и надворешна употреба, изјави грчкиот премиер Мицотакис на Крит за време на кампањата за европските избори.
-
Македонија 02.06.2024 14:22
Инцидент во детската лига, го вклучи црвениот аларам за насилството на спортските терени
По вчерашниот скандал на детската лига, кога детската радост ја заменија родителските тупаници кои се разменуваа на теренот, се поставува прашањето како да се превенира неспортското однесување на спортските терени.
-
Македонија 02.06.2024 13:53
Вербална расправија во Боговиње завршила со убиство
Вербална расправија утрово во Боговиње завршила со пукање, при што едно лице е убиено.
Според информациите на МВР, убиен е 47-годишен маж со иницијали А.Ј. Најпрво настанала вербална расправија, по што М.М. (50) го убил, а веднаш бил приведен од полицијата.
-
Македонија 02.06.2024 13:40
Сиљановска-Давкова ги врачи наградите за најуспешните на годинашното издание на „Охрид трчаТ“
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска, во Охрид, ги врачи наградите за најдобро пласираните учесници на осмото издание на атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“.
-
Македонија 02.06.2024 13:21
Казни за дивеењето на спортски натпревари
Насилството на спортските терени е неретка појава во земјава но, последниот скандал со физичка пресметка на родители кои присуствувале на детски натпревар во фудбал во Скопје, го вклучи црвениот аларм.
-
Македонија 02.06.2024 13:18
Состанок на коалицијата на Европскиот фронт
Европски фронт денеска на заедички сотанок во Мала Речица. На маса следните чекори на дејствување откако е извесно дека коалицијата оди во опозиција. Известува Зоран Димовски.
-
Македонија 02.06.2024 12:20
Гаши: Не го прекршив Законот за јазиците
Не го прекршив Законот за јазиците – тврди собранискиот спикер Африм Гаши, кој свечената заклетва во законодавниот дом прво ја кажа на албански, а потоа на македонски. Гаши во интервју за Радио Слободна Европа вели дека само ја следел пратеничката којашто претседаваше со заседанието.
-
Македонија 02.06.2024 11:10
Потребна е контрола на експлоатацијата на минерални суровини
Неконтролираното ископување минерални суровини за брзо ќе ги исцрпи наоѓалиштата кои не се на домашната мапа, туку се на светските берзи. Освен, тоа, нема контрола колку и дали се прават штети за населението и околината.










