Делегација на македонската Армија, предводена од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, со средби со високи претставници на Вооружените сили (ВС) на САД, во Пентагон, Вашингтон ја заокружи повеќедневната работна посета на ВС на Соединетите Американски Држави.
-
Македонија 10.03.2026 09:32
-
Македонија 10.03.2026 09:13
Денеска седница на Државна комисија за спречување на корупцијата
Државна комисија за спречување на корупцијата денеска напладне ќе ја одржи 29-та седница.
-
Македонија 10.03.2026 08:49
Мицкоски на увид во изградба на пречистителна станица во Чучер-Сандево
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид во градежните работи за изградба на пречистителна станица во населеното место Кучевишка Бара, во рамки на Општина Чучер-Сандево.
Како што информира владината прес-служба, вредноста на проектот изнесува 129.717.440 денари.
-
Македонија 10.03.2026 08:34
Собранието денеска ќе ја одржи 92. седница
Собранието денеска ќе ја одржи 92-та пленарната седница. На предложениот дневен ред се повеќе закони.
-
Македонија 10.03.2026 08:31
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
-
Македонија 10.03.2026 08:21
Сончево со мала до умерена локална облачност
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималните температури ќе се движат од -3 до 3 степени, додека максималните ќе достигнат од 12 до 18 степени.
-
Македонија 09.03.2026 21:05
Сиљановска-Давкова во комеморативна посета на Треблинка
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Полска, каде што ќе присуствува на комеморативното одбележување на Холокаустот на македонските Евреи, што ќе се одржи во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“.
-
Македонија 09.03.2026 20:32
Кривични за тројца албански државјани, илегално влегле во македонска територија и вршеле незаконит риболов
Во периодот од 06. до 08.03.2026 година, во две одделни акциски контроли, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, во водите на Охридското езеро од слобода ги лишија Ј.Ц.(53), Е.Б.(50) и А.Ш.(21), сите од Република Албанија, соопштија од МВР.
-
Македонија 09.03.2026 20:08
Министерот Филков ќе претседава со работната група за реформи во изборното законодавство
На денешната конститутивна седница на работната група за реформи во изборното законодавство членовите на работната група едногласно го избраа министерот за правда Игор Филков за претседавач на ова тело. На седницата се дискутираше за Деловникот на работа и начинот на работа на работната група.
-
Македонија 09.03.2026 19:45
Осум пријавени настани со семејно насилство, лишени од слобода шест лица
На 08.03.2026 во 23:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода З.З.(48) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 44-годишна сопруга, а притоа оштетил и дел од покуќни










