Еврејската заедница во Македонија ја одбележува 83-годишнината од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот Треблинка.
-
Македонија 11.03.2026 10:45
-
Македонија 11.03.2026 09:34
Одбележување на Светски ден на бубрегот со настан за подигнување на свеста
Универзитетската клиника за нефрологија денеска организира настан по повод одбележувањето на Светскиот ден на бубрегот.
-
Македонија 11.03.2026 08:55
Денеска седница на Судски совет
Судскиот совет денеска ќе ја одржи 538-та седница на чиј дневен ред меѓу другото се констатирање престанок на судиска функција поради исполнети услови за старосна пензија и одлучување за право на надоместок на трошоци поврзани со вршење на судиска функција.
-
Македонија 11.03.2026 08:31
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
-
Македонија 11.03.2026 08:14
Сончево со мала локална облачност
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 4 до 1, а максималните ќе достигнат од 14 до 20 степени
-
Македонија 11.03.2026 08:01
Денеска во Собрание седници на пет комисии
Денеска во Собранието ќе заседаваат пет комисии – Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија.
-
Македонија 10.03.2026 20:40
14 пријави за семејно насилство во едно деноноќие, четири лица уапсени
Во последното деноноќие во полициските станици низ земјава се евидентирани вкупно 14 пријави за семејно насилство, а четири лица се лишени од слобода во Скопје, Кавадарци и во гостиварскиот регион.
-
Македонија 10.03.2026 19:42
Владата одзеде уште шест лиценци за одгледување на канабис
Владата донела одлука за одземање на уште шест лиценци за одгледување на канабис.
Станува збор за законски пропусти при извршена проверка од комисијата којашто е надлежна да ги провери сите услови што треба да ги поседуваат фирмите.
Претходно, беа одземени уште шест лиценци.
-
Македонија 10.03.2026 19:15
Николоски во Вашингтон на средби во Светска Банка
Заменик претседателот на Владата Александар Николоски, денеска во Вашингтон САД, оствари работна средба со Чарлс Кормиер, регионален директор за инфраструктура во Светска банка.
-
Македонија 10.03.2026 18:33
Царинската управа и Управниот суд воспоставуваат електронска размена на документи
Царинската управа и Управниот суд денес потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува дигитално поврзување меѓу двете институции и електронска размена на документи во рамки на управните спорови.









