Во Битола одбележани 83 години од депортацијата на македонските Евреи во логорот на смртта, Треблинка. Од Битола известува Ружица Ѓоршевска.
Во Битола одбележани 83 години од депортацијата на македонските Евреи во логорот на смртта, Треблинка. Од Битола известува Ружица Ѓоршевска.
Родово базирано насилство во спортот е слабо истражена и недоволно видлива појава. Според спортистите, има вознемирување. Само дел од федерациите воспоставиле механизам за заштита.
Што друго покажа истражувањето за фер игра, известува Наташа Јанчиќ-Менковски.
Измените на Законот за јавното обвинителство пред пратениците, на пленарна седница. Измените го поминаа и филтерот на Венецијанската комисија. Неделава ќе се одржи и јавна расправа, на која ќе учествуваат претставници од фелата, експерти, професори.
Дел од македонските државјани кои се наоѓаат во Саудиска Арабија, Кувајт и Бахреин утре со специјален лет ќе се вратат во земјава, информираше Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Утринава во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани е примена закана за поставена експлозивна направа, која по извршените проверки од страна на полицијата е утврдено дека е лажна.
Министерот за јавна администрација Горан Минчев се обрати на настанот на Тематската група за управување со човечки ресурси и професионален развој (HRMPD), насловен „Градење на капацитетите на институциите за обука на јавните службеници“, кој се одржува во Скопје.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски порача дека во услови на засилени безбедносни и геополитички предизвици владите мора брзо да се приспособуваат и да дејствуваат заеднички, бидејќи соработката е единствената реална опција.
ЈП „Колекторски систем – Скопје“ повеќе од 35 години работи без дозвола за собирање, одведување и пречистување на отпадни води, покажува ревизијата на Државниот завод за ревизија за 2024 година.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Полска, каде што ќе присуствува на комеморативното одбележување на Холокаустот на македонските Евреи, што ќе се одржи во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“.
На 09.03.2026 во 21:25 часот во с.