Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна средба на Единицата за оперативно-технички работи при Бирото за јавна безбедност во чија надлежност е системот за видеонадзор на сообраќајниците познат како „Безбеден град“.
-
Македонија 20.05.2024 16:26
-
Македонија 20.05.2024 16:17
Поголемо внимание во одржувањето и сервисирање на лифтовите, алармираат надлежните
Да се посвети поголемо внимание во одржувањето и сервисирање на лифтовите, за да не се случуваат повреди или несреќи, алармираат надлежните. Според претседателот на Здружението за лифтови, постојат норми и прописи како тие се одржуваат.
-
Македонија 20.05.2024 15:52
МТСП: 24 мај неработен ден за сите граѓани
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр. 21/98 и 18/07), 24 мај 2024 година (петок), „Св. Кирил и Методиј“-Денот на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
-
Македонија 20.05.2024 15:39
ДСЗИ повторно ќе врши вонредна контрола на Токсикологија
Државниот санитарен и здравствен инспекторат третпат ќе врши вонредна контрола на Клиниката за токсикологија, откако во оваа здравствена установа се вработени договорците, само со потпис на организациската директорка Бесија Иљази.
-
Македонија 20.05.2024 15:17
Одбележан Денот на македонските пожарникари
Очи во очи со огнот. Сретко Цимевски 40 години е посветен на својата професијата. Вели дека секоја интервенција си има своја тежина, но хуманоста е пред сè. Работниот век го поминал во скопската Пожарна бригада, жртвувајќи се себе си за да помогне.
-
Македонија 20.05.2024 15:04
Скопје и Атина да се придржуваат до Договорот од Преспа, бара Европската комисија
Европската комисија побара Скопје и Атина да се придржуваат до Договорот од Преспа и да ги спроведуваат неговите одредби.
-
Македонија 20.05.2024 14:46
Медот повеќе се користи како лек отколку како храна
Марина Митревска 26 години се занимава со пчеларство. Вели дека во последниве години се поизразените климатските промени, влијаат на приносот, но и на опстанокот на самите пчели.
-
Македонија 20.05.2024 14:31
ОЈО: Поведена постапка за загрозување на сигурноста во Велес
Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице од селото Раштани за кое постои сомнение дека сторило кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 20.05.2024 14:16
Приведен крадец во Охрид, одземеното вратено на сопственикот
На 19.05.2024 во 23.20 часот на улица „Ирина Мирка Гинова“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Т.(36) од Охрид, информираат МВР.
-
Македонија 20.05.2024 14:07
Доделени награди за најдобрите студенти на УКИМ за учебната 2022/2023 година
Наградени најдобрите дипломци на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ за академската 2022/2023 година. Овие студенти повеќе од половина студии ги поминаа во Ковид пандемија, следејќи настава од дома.










