До 15 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од 2271 избирачки места. Од вкупно запишани 1.172.912 гласачи на овие избирачки места, гласале 395.576 односно 33.73%, соопшти Државната изборна комисија,
-
Македонија 08.05.2024 16:44
-
Македонија 08.05.2024 15:36
Мирен изборен процес во Струмица
Во Струмица гласањето се одвива во мирна атмосфера, во Босилово е најмала излезеноста на гласачите. Сите избирачки места беа отворени навремено.Ване Трајков известува од Струмица. -
Македонија 08.05.2024 15:30
Изборниот процес минува во демократска атмосфера
Во Охрид изборите се одвиваат во мирна и демократска атмосфера. Сите избирачки места беа отворени навреме освен едно, каде што се доцнеше поради технички причини.Од Охрид известува Сашо Нелоски -
Македонија 08.05.2024 15:28
Гласање без проблеми во Општините Ѓорче и Сарај
Денеска се гласа за претседател на државата и состав на нова Влада. Изборниот процес во Општина Ѓорче Петров и Општина Сарај засега се одвива непречено во фер и демократска атмосфера. Избирачките места ќе бидат отворени до 19 часот до кога граѓаните може да го остварат своето право на глас.
-
Македонија 08.05.2024 15:22
Гласање во Општина Кисела Вода
Одделот за граѓански работи при МВР денеска ќе издава лични документи од 8 до 19 часот, информираат од МВР. Оттаму велат дека сите барања за лични карти кои се поднесени до трети овој месец, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат.
-
Македонија 08.05.2024 15:16
Последни информации за двојните избори
Македонија гласа на двојни избори. Одѕивот на претседателските избори до 13 часот е 22,79 отсто, на парламентарните 25,77 отсто. За претседателските избори со право на глас се милион 814 илјади 317 граѓани, а за парламентарните, во Избирачкиот список се запишани илјада и 35 гласачи повеќе.
-
Македонија 08.05.2024 14:50
МВР и ОЈО регистрирале помали нерегуларности на избирачки места
Министерството за внатрешни работи, досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето кое генерално се одвива мирно и без проблеми, информираа од МВР.
-
Македонија 08.05.2024 14:38
До Народниот правобранител примени 30 телефонски повици за повреда на избирачкото право
Од канцеларијата на Народниот правобранител известија дека примиле 30 телефонски повици, а едно лице и лично се обратило до нив. Најголемиот дел од поплаките или десетина забележуваат
-
Македонија 08.05.2024 14:11
До 13 часот за претседател гласале 302.158 граѓани, односно 23,95 отсто
До 13 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од 2.472 избирачки места.
Од вкупно запишани 1.261.526 гласачи на овие избирачки места, гласале 302.158 односно 23.95%.
-
Македонија 08.05.2024 13:53
ОЈО: Денешниот ден поминува генерално мирно и без поголеми нарушувања
„Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, денешниот изборен ден на кој се гласа во Парламентарните и во вториот круг од изборите за Претседател на Република Северна Македонија до овој момент поминува генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес.










