-
Македонија 08.05.2024 13:37
Кумановци гласаат на двојните избори
Мирно и без проблеми засега тече изборниот процес во североистокот. Во Куманово сите гласачки места беа отворени навреме, освен во изборното место со село Умин дол, каде што имало проблеми со апаратот за лична индентификација.Од Куманово известува Елена Георгиевска. -
Македонија 08.05.2024 13:37
Набљудувачката мисија на ОДИХР на гласачко место
Изборите ги следат 1.303 домашни и 860 странски набљудувачи за чии потреби се ангажирани и 85 преведувачи. За известување од изборите, според податоците на Државната изборна комисија, акредитирани се 83 странски новинари.
-
Македонија 08.05.2024 13:37
Гласање во скопски Карпош
Денеска се гласа за претседател на државата и за нов состав на Влада. Засега изборниот ден се одвива во мирна и демократска атмосфера.
Од Oпштина Карпош известува Ана Јосифовска Тодоровска.
-
Македонија 08.05.2024 13:34
Мирно и достоинствено минува изборниот ден во Струга
Во струшко мирно тече изборниот ден. Сите избирачки места се отворени навреме, точно во 7 часот и гласањето за парламентарните и вториот круг од претседателските избори тече нормално.
-
Македонија 08.05.2024 13:30
Гласање во Општина Центар
На овие парламентарните избори, граѓаните ќе можат да избираат помеѓу 17-те изборни листи, а на претседателските помеѓу двајца кандидати. Гласачките места се отворени од 7 до 19 часот. Македонската телевизија редовно го следи процесот на гласање и известува за него.
-
Македонија 08.05.2024 13:22
Приговори за заштита на лично избирачко право
Денеска граѓаните избираат шеф на државата и пратеници во Собранието. За претседателските избори со право на глас се 1.814.317 граѓани, а за парламентарните, во избирачкиот список се 1.035 гласачи повеќе.
-
Македонија 08.05.2024 12:52
На гласачките места кај што беа пријавени технички проблеми, гласањето ќе продолжи со УВ ламба и спреј
На едно избирачко место во Кочани, едно во Охрид и едно во Куманово, каде што утрово беа пријавени технички проблеми со биометриските уреди, гласањето ќе продолжи со УВ ламба и спреј.
-
Македонија 08.05.2024 12:34
МВР информираше за неколку нерегуларности во текот на гласањето
Од МВР информираа за неколку настани кои се случиле во текот на гласањето. Изутрина пријавен инцидент во скопското село Радуша.
-
Македонија 08.05.2024 11:50
До 11 часот за претседател гласале 12,87%, а за пратеници 13,96%
ДИК ги соопшти најновите информации за излезеноста на двојните избори до 11 часот.
За претседателските избори излезноста е 12,87%. Најголема излезност има во Пробиштип, 27,85, а најмала излезност во Липково 1,76%.
-
Македонија 08.05.2024 11:28
Спречен шверц на марихуана на ГП „Ќафасан“
На граничниот премин „Ќафасан“, на албанско-македонската граница, екипи на албанската полиција спречиле шверц на 53,3 килограми марихуана, чија крајна дестинација била Северна Македонија. Во акцијата е уапсен 46-годишен жител на градот Корча, со иницијали Е.Г.










