До затворањето на избирачките места, изборниот ден помина генерално без поголеми нарушувања на гласањето и пријави за изборни инциденти.
-
Македонија 08.05.2024 19:57
-
Македонија 08.05.2024 19:37
Даштевски за МТВ: Изборниот ден помина мирно и демократски
Претседателот на ДИК, Александар Даштевски со првична оценка за изборите во директно вклучување во отворената програма на МРТ- „Избори 2024“.
-
Македонија 08.05.2024 19:32
ДИК: До 18:30 часот излезноста 46,34 проценти за претседателските избори, 53,15 проценти за парламентарните
До 18:30 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од 2044 избирачки места. Од вкупно запишани 1.014.400 гласачи на овие избирачки места, гласале 470.054 односно 46,34%.
-
Македонија 08.05.2024 19:27
ВМРО- ДПМНЕ: Денес се случи народ, време е за ново поглавје
Повикот на ДУИ за бојкот не успеа, а денот ги извади на виделина игрите на власта. ДУИ посакува криза и преку бојкот сакаше да се факторизира.
-
Македонија 08.05.2024 19:20
СДСМ: Мирен и достоинствен изборен ден
„Денес имавме мирен, достоинствен и успешен изборен ден. Изборите беа фер и демократски, како што доликува на земја-членка на НАТО со почнати преговори со ЕУ“, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на прес-конференција.
-
Македонија 08.05.2024 19:05
Затворени гласачките места
Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните денеска можеа да гласаат на вториот круг од седмите претседателски и на 11-те парламентарни избори. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.
-
Македонија 08.05.2024 18:40
Одѕивот на парламентарните избори е повисок, во споредба со претседателските- покажува статистиката
Според статистиката, за претседателските избори за 15 години бројот на лица со право на глас пораснал за 22.289, а за парламентарните од 2014-та до денешните, за 35.242 лица. По правило, одѕивот е повисок на парламентарните, во споредба со претседателските избори.
-
Македонија 08.05.2024 18:16
Отворена програма „Избори 2024“
Осми мај, ден за двојна одлука. Се избира претседател на државата и пратеници во Собранието. Кој ќе го истрча маратонот и ќе застане на чело на нацијата? Како народот ќе го состави мозаикот во законодавниот дом? Кому ќе му припадне клучот на „Илинденска“?
-
Македонија 08.05.2024 18:03
ДИК: До 17 часот на претседателските избори гласале 42.32%, на парламентарните 46,93%
Според податоците на Државната изборна комисија до 17 часот гласале 452.412 гласачи, односно 42,32 %.
Најголема излезност на претседателските избори има во Новаци 66.47%, а најмала во Липково со 6,48%.
-
Македонија 08.05.2024 17:18
Последни податоци од ДИК
За претседателските избори со право на глас се милион 814 илјади 317 граѓани, а за парламентарните, во избирачкиот список се запишани илјада и 35 гласачи повеќе.






