Владата ги прифати барањата на приватните специјализанти. На вчерашната седница донесе одлука, веднаш по изборите да се подготват предлог-законски решенија со коишто ќе се предвидат нивните севкупни права и одговорности.
-
Македонија 17.04.2024 08:35
-
Македонија 17.04.2024 08:24
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа особено попладне, ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме.
-
Македонија 16.04.2024 21:56
-
Македонија 16.04.2024 20:45
Дел од Чаир утре без вода
Поради дефект на затварач ф 300 мм на ул. Џон Кенеди бр. 25, прекинато водоснабдување утре ќе имаат корисниците од ул. Џон Кенеди, ул. 380, ул. 376, Максут Садик, Јоаким Крчоски, Самоилова и Гинекологија Мајка Тереза – Чаир.
-
Македонија 16.04.2024 18:35
Тошковски во посета на Полициската станица за граничен надзор Сопот
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во текот на денешните активности оствари работна посета на Полициската станица за граничен надзор Сопот, која покрива дел од граничната линија на север со соседна Србија.
-
Македонија 16.04.2024 17:40
Полициски хеликоптер транспортираше македонски државјанин за подолготрајна медицинска нега од Унгарија во Скопје
Денеска од страна на Одделот за воздухопловни единици беше реализиран успешен транспорт на македонски државјанин од Унгарија во Македонија за да му се овозможи навремена медицинска нега.
-
Македонија 16.04.2024 16:50
Активности на кандидатот Таравари во Тетово
Претседателскиот кандидат од коалицијата „Вреди“ Арбен Таравари најави тело на западни експерти кои ќе ја контролираат работата на домашните судии и обвинители.
-
Македонија 16.04.2024 15:54
Максим Димитриевски упати апел за телевизиски дуел со останатите политички противници
Претседателскиот кандидат Максим Димитриевски бара телевизиски дуел со противкандидатите Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова, за како што вели - да ги соочат своите факти и аргументи.
-
Македонија 16.04.2024 15:33
Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите
„Приходите на Царината во 2023 година растат по секој основ, бројот на случаи на заплени е зголемен за 30 проценти, на кривичните пријави за 60 проценти, а инвеститорите во нас препознаа доверлив партнер и јавно не издвоија како институција од чија работа се најмногу задоволни.
-
Македонија 16.04.2024 15:05
Османи: Изборот е меѓу две алтернативи - интеграција или изолација
Претседателскиот кандидат на ДУИ и коалицијата „Европски фронт“, Бујар Османи од митингот во Дебар порача дека ако ја добие довербата од граѓаните, како шеф на државата евроинтеграцискиот процес на земјава може да го заврши за пет години.









