Во Скопје денеска на Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените – 8 Март, ќе се одржи Марш за женски права. Маршот ќе почне во 17 часот од Плоштадот „Скендербег“ под слоганот „Црвена линија: Правата на жените не се за преговарање!“.
-
Македонија 08.03.2024 08:55
-
Македонија 08.03.2024 08:48
Седница на Законодавно правната комисија
Во Собранието денеска седница ќе одржи Законодавно правната комисија.
-
Македонија 08.03.2024 08:46
На полноќ истекува рокот за собирање потписи за претседателски кандидат
Рокот за собирање потписи за претседателски кандидати истекува на полноќ. Извесно е дека на гласачкото ливче ќе има 7 кандидати, кои ги собраа потребните 10 илјади потписи. Зад кандидатурата на Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова, застанаа и по 30 пратеници.
-
Македонија 08.03.2024 08:34
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од -2 до 5, а максималната од 10 до 16 степени.
-
Македонија 07.03.2024 20:45
Почина фолк пејачката Атина Апостолова
Доајенот на македонската фолк музика, Атина Апостолова, денеска е пронајдена почината во нејзиниот дом во Скопје.
Атина Апостолова е родена на 20 мај 1946 година во Скопје, каде и дипломирала на Економскиот факултет.
-
Македонија 07.03.2024 20:28
Гром усмрти тинејџер во гевгелиско Негорци
Трагедија се случи денеска во гевгелиското населено место Негорци, каде попладнево имаше силно невреме. Гром удри во тинејџер, кој починал на самото место.
-
Македонија 07.03.2024 19:52
Неисполнети ветувања за болните со механичко срце
Со години ветувања, но ниту едно од барањата на здружението „Храбро срце“ не е исполнето. Болните со механичка пумпа на срце немаат лекови, не се ослободени од партиципација, а сонуваат да доживеат трансплантација. Соња Рилковска известува од Охрид.
-
Македонија 07.03.2024 19:35
Американската амбасадорка Агелер на средба со Јавниот обвинител Коцевски
Јавниот обвинител Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер, со која меѓу другото дискутираше за состојбите во Јавното обвинителство, но и за предизвиците со кои се соочува институцијата, најмногу од аспект на материјалните и кадровските ресурси.
-
Македонија 07.03.2024 18:32
Експресно донесени измените на Изборниот законик
Пратениците со 84 гласа „за“ ги изгласаа измените во Изборниот законик, со што на претстојните парламентарни и претседателски избори ќе може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи, односно оние кои не ги промениле со новото уставно име.
-
Македонија 07.03.2024 18:05
Се намалува бројот на заболени од грип
Од 26-ти февруари до 3-ти март во државата се пријавени 641 случај на грип што претставува 21,8 отсто помалку во споредба со претходната недела.









