Во Белград прогласена епидемија на морбили. Најголем број од заболените во соседството се невакцинирани или со непознат статус на вакцинација. Каква е состојбата со малите сипаници во земјава?
-
Македонија 23.02.2024 13:33
-
Македонија 23.02.2024 13:26
Комбинаторки за коалиции, изборот за претседател за биде во Собрание
Секоја од партиите со објаснување за своите кандидати. СДСМ убеден дека нивниот е фаворит. За ДУИ – дојдено е времето за претседател Албанец. Денеска во тетовско лидерот на социјалдемократите, пред Вила Водно интегративците. Зоран Димовски известува.
-
Македонија 23.02.2024 13:17
Претседателските кандидати собираат потписи
Кандидатите за претседател на државата почнаа со собирање потписи. Рокот тече од денеска. Ќе има возбудлива кампања ако сите од нив го исполнат условот да влезат во трката.
-
Македонија 23.02.2024 13:14
Претрес во Куманово, пронајдена дрога
Вчера во 23.00 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода А.Н.(31) и Н.А.(36), двајцата од Куманово.
-
Македонија 23.02.2024 12:19
Бесплатен разглед на Скопје по повод Светскиот ден на туристички водичи
По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската Асоцијација на туристички водичи и придружници утре организира бесплатен разглед на градот Скопје.
Разгледот ќе се одржи во два термини: со почеток во 12 и во 13 часот со почетна точка пред спомен куќата на Мајка Тереза.
-
Македонија 23.02.2024 12:11
Демири и АЦФ: Трикафта го подобрува животот на пациентите со цистична фиброза
Министерот за здравство д-р Илир Демири, денеска се сретна со претседателите на Асоцијацијата за цистична фиброза (АЦФ) Александар Стамболиски и Елмир Сејфулаи, како и членката од Асоцијацијата Ивана Атанасоска.
-
Македонија 23.02.2024 12:00
Средба на Тошковски, Буши и Бојмацалиев со амбасадорот Река
Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик министерот Назим Буши и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев остварија работна средба со амбасадорот на Република Албанија Н.Е. Фатос Река.
-
Македонија 23.02.2024 11:27
Расте бројот на заразени, вкупно 57 случаи на голема кашлица во Скопје
Во Скопје се евидентирани вкупно 57 случаи на голема кашлица заклучно со 22-ри февруари, информираат од Центарот за јавно здравје.
Зголемен е и интересот за вакцинација против пертусис. Поради зголемениот број заразени со голема кашлица родителите ги вакцинираат децата.
-
Македонија 23.02.2024 09:55
МВР: 201 санкции за брзо возење на територијата на цела држава
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 201 возач, информираат од МВР.
-
Македонија 23.02.2024 09:33
ЦУК: 28 пожари на отворено, еден е уште активен
Центарот за управување со кризи известува дека вчера попладне во 14:15 часот била добиена пријава за пожар помеѓу селата Зелениково и Градовци во општина Зелениково, каде горела ниска шума и ниска вегетација.










