Рокот за собирање потписи за кандидати за претседател и за кандидати за пратеници започнува денеска и ќе трае до 8 -ми март, согласно роковниците на Државната изборна комисија (ДИК).
-
Македонија 23.02.2024 09:20
-
Македонија 23.02.2024 08:52
Џафери во посета на Национален парк Шар Планина
Претседателот на техничката влада на Република Северна Македонија, Талат Џафери ќе го посети Националниот парк Шар Планина.
Како што најавија од владината прес-служба, по посетата на Националниот парк, предвидени се изјави за медиумите.
-
Македонија 23.02.2024 08:46
Синоќа пристигна нова пратка 140.000 илјади обрасци за пасоши
Синоќа на граничниот премин „Богородица“ пристигнаа новите 140 илјади обрасци за пасоши. Ги пречека заменик-министерот за внатрешни Бојмацалиев. Наскоро се очекува уште една пратка од 85.000 илјади, со што бројката од 225.000 илјади обрасци се комплетира.
-
Македонија 23.02.2024 08:37
Седници на Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија
Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија. Членовите на овие две собраниски комисии ќе дискутираат по една точка – Предлог на законот за вработените во Министерството за одбрана, во второ читање.
-
Македонија 23.02.2024 08:33
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Од АМСМ информираа дека на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 23.02.2024 08:11
153 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
-
Македонија 23.02.2024 08:09
Бочварски во посета на општините Штип и Карбинци
Денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски ќе оствари работна посета на општините Штип и Карбинци. Министерот ќе оствари работна средба со претставници на транспортни компании од регионот и ќе изврши увид во реконструкција на патниот правец Долни Балван – Таринци.
-
Македонија 23.02.2024 07:57
Сончево со умерена облачност и релативно топло
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6 степени, максималната ќе достигне до 18 степени.
-
Македонија 22.02.2024 20:03
Прв конгрес на партијата Движење ЗНАМ
Вечерва се одржува првиот Конгрес на партијата „ЗНАМ“. Тие денеска обелоденија дека Максим Димитриевски влегува во трката за претседател. Известува Игор Панов.
-
Македонија 22.02.2024 19:47
Недефиниран третман причина за одбиеното барање за лекување на Леонид
Недефинираниот третман којшто Леонид треба да го добие во странство била причина Комисијата да го одбие барањето на Бранко Индов.










