Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 815 возачи, информира МВР.
-
Македонија 19.02.2024 10:15
-
Македонија 19.02.2024 09:53
208 санкции за сообраќајни прекршоци изминатиот викенд на територија на СВР Битола
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (16/17/18.02.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
-
Македонија 19.02.2024 09:05
Меѓународна недела на Филозофскиот факултет
Од денеска до четврток ќе се држи 6. Меѓународна недела на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Темата на овогодишната Меѓународна недела е „Вештачката интелигенција во хуманистичките и општествените науки“.
-
Македонија 19.02.2024 09:03
Свечена церемонија по повод одбележување на Денот на Одделот за заштита на определени личности и објекти
Денеска ќе се одржи свечена церемонија по повод одбележување на Денот на Одделот за заштита на определени личности и објекти при Министерството за внатрешни работи.
Настанот ќе се одржи пред објектот на Одделот за заштита на определени личности и објекти.
-
Македонија 19.02.2024 08:57
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
-
Македонија 19.02.2024 08:54
Османи во проверка на работењето на Генералниот конзулат во Венеција
Вчерашната агенда на министерот за надворешни работи, Бујар Османи продолжи и со посета на Генералниот конзулат на Република Северна Македонија во Венеција, каде што од сега има дополнителна реорганизација на работата со цел излегување во пресрет на што е можно поголем број наши државјани и скрат
-
Македонија 19.02.2024 08:47
МВР преку СМС пораки до граѓаните за готовите пасоши
Граѓаните кои се сликале за пасош во пунктовите во МРТ и во „Пролет“, а сè уште не ги подигнале, од денеска ќе добиваат СМС пораки кога да ги подигнат. Истото ќе можат да го проверат и на веб-страницата МВР-гов-мк. Целта е за да не се прави гужва на пунктовите, велат од МВР.
-
Македонија 19.02.2024 08:47
За Статутарната комисија на Алијанса, Таравари е претседател
Од Статутарната комисија на Алијанса за Албанците велат дека конгресот на групата незадоволници е незаконски и сериозно го прекршува Статутот на партијата, бидејќи постапките на вонредниот конгрес на кој се одлучува за разрешување на претседателот на партијата ги води К
-
Македонија 19.02.2024 08:41
Координација за седницата за избор на седмиот член на ДИК
На координација кај спикерот Митрески треба да биде договорено кога ќе биде гласањето за предлогот Абдуш Демири да биде седмиот член на Државната изборна комисија, за што е потребно двотретинско мнозинство.
-
Македонија 19.02.2024 08:19
Седница на собраниската Комисија за европски прашања
Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за европски прашања. На дневен ред на седницата, меѓу другите, е и Предлог на закон за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, во прво читање.










