Чистењето на септичка јама во свињарска фарма во село Амзабегово, Општина Свети Николе, беше кобно за 46 годишниот О. Т од Амзабегово кој почина на лице место. Неговиот колега во обид да му помогне, се здобил со тешко труење и е на лекување на Клиниката за токсикологија во Скопје.
-
Македонија 09.01.2024 14:44
-
Македонија 09.01.2024 14:41
Финансиската полиција врши проверки во М-НАВ
Управата за финансиска полиција во моментов врши проверки во македонска навигација. Контролата и увидот во работењето на М-НАВ, ги прават врз основа на доставениот извештај. Се вршат проверки поради сомневања за кривични дела.
-
Македонија 09.01.2024 14:32
Предлог-законот за државно правобранителство пред пратениците на 16-ти јануари
Со измените кои ги предложи Министерството за правда се предвидува натамошно подобрување на одредбите во насока на обезбедување на можност за мирување на државно правобранителската функција во случај државните правобранители да бидат избрани или именувани на друга функција или должност.
-
Македонија 09.01.2024 14:17
До 28-ми јануари ќе завршат процедурите за избор на техничка влада
Во рок од шест дена, од 22-ри до 28-ми јануари, во Собранието ќе завршат сите процедури, од оставки до избор на нова влада. Ова било утврдено на првата координација на собранискиот спикер Џафери со партиите од власта, без опозицијата.
-
Македонија 09.01.2024 13:46
Кривичниот совет одлучува за жалбата на ОЈО
Кривичниот совет одлучува за жалбата од Обвинителството по одлуката на Кривичниот суд, наместо притвор да додели мерки на претпазливост за четворицата кои упаднаа во контролната кула на Македонска навигација.
Известува Ана Јосифоска- Тодоровска
-
Македонија 09.01.2024 13:33
Тасевски и Гавровски на средба кај Пендаровски, поддршка за професионално функционирање на М-НАВ
Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими Александар Тасевски, претседател на Струковиот синдикат на контролори на летање и Горан Гавровски, член на синдикалниот одбор.
-
Македонија 09.01.2024 13:30
Координаторите на пратеничките групи на средба кај спикерот Џафери
По новогодишните и божиќните празници, Собранието ја почнува работата во новата 2024-та. Кај спикерот Џафери, координација со првите луѓе на пратеничките групи. Оставката на Ковачевски и Џафери и избор на нови претседатели, на седница во Собрание од 22-ри до 28-ми јануари.
-
Македонија 09.01.2024 13:20
Еден загинат и еден повреден во чистење на септичка јама во Амзабегово
Еден починат, друг на Клиниката за токсикологија се бори за живот. Чистењето на септичка јама во свињарска фарма во светиниколско Амзабегово, беше кобно за двајца вработени во фармата. Опасни гасови се причина за трагичниот настан.
-
Македонија 09.01.2024 13:10
Кај шестмесечно бебе потврдена голема кашлица
Голема кашлица, пертусис, е потврдена кај шестмесечно бебе од Скопје на Детската клиника „Козле“. Три случаи на пертусис, се евидентирани во 2023-та година, сите од Скопје, од кои еден во декември.
-
Македонија 09.01.2024 12:57
Владата одлучува за разрешување на раководството на М-НАВ
На владината седница која е во тек се разгледува случувањата од 4-ти јануари. Ќе се носат одлуки за состојбата во М-НАВ како и одлуки за разрешување на тројцата раководители.










