Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски истакна дека во тек е асфалтирањето на другата коловозна лента на булеварот „Борис Трајковски“ и дека до крајот на годината, скопјани ќе добијат целосно завршен, модерен и безбеден булевар.
-
Македонија 07.10.2026 11:55
-
Македонија 07.10.2026 11:34
Виш јавен обвинител од Битола осомничен за противзаконито влијание врз обвинители и судии
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе постапка против виш јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Битола, поради сомнение за примање награда за противзаконито влијание.
-
Македонија 07.10.2026 10:58
Различни ставови за укинување на ветото во процесот на проширување
Двотретинското гласање за проширување и ограничување на правото на вето поради билатерални спорови наиде на различни реакции од европратениците. Едни се „за“, други не се откажуваат од правото на вето.
-
Македонија 07.10.2026 09:10
ЦУК: 33 пожари на отворен простор во изминатото деноноќие, четири активни, два под контрола
Четири пожари на отворен простор се активни, два се ставени под контрола, а 27 се изгаснати во изминатото деноноќие. Вкупно се регистрирани 33 пожари, соопшти Центарот за управување со кризи.
-
Македонија 07.10.2026 09:03
Мицкоски ќе присуствува на пуштањето во употреба на нова детска градинка во Општина Шуто Оризари
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштањето во употреба на новата детска градинка „8 Април“ во Општина Шуто Оризари.
-
Македонија 07.10.2026 08:42
Седница на Судски совет
Судскиот совет на Република Македонија ќе ја одржи 558-та седница, на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои и донесување на Деловник за работа на Судскиот совет.
-
Македонија 07.10.2026 08:09
125-та седница на Собранието со 25 точки на дневен ред
Собранието денеска ќе ја одржи 125-та седница, на чиј дневен ред се 25 точки, меѓу кои повеќе законски предлози од областа на јавната администрација, високото образование, животната средина, јавните набавки и работните односи.
-
Македонија 07.10.2026 07:50
Сообраќајот се одвива непречено, без подолги задржувања на граничните премини
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.
-
Македонија 07.10.2026 07:43
Сончево и релативно топло, за викендот дожд и грмежи
По ведрото и студено утро, денеска нè очекува сончево и релативно топло време, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
-
Македонија 06.10.2026 20:23
Лотарија под истрага, Груби со барање за пасошот
По истрагата на Финансиската полиција, две лица вработени во Државна лотарија се лишени од слобода поради сомневања за „Проневера во службата“ и „Фалсификување или уништување деловни книги“.










