Вчера во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Д.С.(19) и Д.С.(28), двајцата од Куманово. Тие се сомничат дека на 29.11.2023 на бензинска пумпа на улица „Доне Божинов“ во Куманово физички го нападнале вработениот и со закана му одзеле пари од дневниот промет.
-
Македонија 02.12.2023 15:35
-
Македонија 02.12.2023 15:14
Независниот синдикат за здравство на протест, бара повисока плата за 30 насто
Медицинската сестра Билјана Џонова на 31-ви декември ќе остане без работа ако не и биде продолжен договорот. Вели дека веќе е изморена од тоа дали ќе добие трајно вработување и како ќе продолжи да се грижи за своето дете. Пет години работи за само 18.000 денари.
-
Македонија 02.12.2023 14:34
Ковачевски: Активно придонесуваме во колективниот систем за одбрана на НАТО
Премиерот Ковачевски посочи дека „АТС АММО“ е единствената македонска фабрика во земјава за производство на малокалибарска муниција „АТС АММО“, која во минатото беше позната како „Сувенир“ од Самоков.
-
Македонија 02.12.2023 14:24
Спасовски: Неопходно е Република Северна Македонија континуирано да гради отпорност, капацитети и способности за одговор на хибридните закани
Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се обрати на регионалната конференција „Европска безбедност: Како да се искористи новиот моментум за проширување на ЕУ на Западен Балкан?“, во рамки на сесијата „Моментална геополитичка состојба-импликации за Западниот Балкан“.
-
Македонија 02.12.2023 13:50
Независниот синдикат за здравство на протест
Независниот синдикат за здравство на протест. Бара повисока плата за 30 насто, нови колективни договори, трансформација на вработувањата од договор на неопределено време.
-
Македонија 02.12.2023 13:30
Приведен крадец во Велес, следува соодветна пријава
Вчера година во 12.10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода И.В.(21) од Велес. Тој се сомничи дека од објект на правно лице одзел повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот.
-
Македонија 02.12.2023 12:56
Власта и опозицијата во Анкетната комисија без договор за заклучоците за случајот „Онкологија“
По два месеца, над 50 одржани седници, повикани 50 сведоци, експерти екс и сегашни функционери, Анкетната комисија за онкологија требаше до понеделник да ги достави заклучоците до Собранието. Мандатот истече вчера, јавноста го нема исходот од работата. Партиите се обвинуваат.
-
Македонија 02.12.2023 12:48
Шести ден од исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска
Шести ден од исчезнувањето на Вања Ѓорчевска. Последните информации од МВР беа дека преку 50 камери односно места каде што има камери се прегледани, целосно е во функција системот „Безбеден град“, сите податоци од телекомуникациските операторите се земени.
-
Македонија 02.12.2023 12:00
Научната фела апелира на доследно почитување на препораките на УНЕСКО во Охридскиот регион
Охрид не е музеј, но е светско наследство и треба да се развива во строго утврдени рамки, смета научната фела, која апелира на доследно почитување на препораките на УНЕСКО. Недоволната грижа го доведоа регионот во опасност да биде впишан на листата загрозено подрачје.
-
Македонија 02.12.2023 11:35
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска и претставници од ИЧП во посета на Уставниот суд на Словенија
Претставници на Уставниот суд и на Институтот за човекови права остварија работна средба со претседателот на Уставниот суд на Република Словенија д-р Матеј Ацето и судиите д-р Шпелца Межнар и д-р Катја Шубман Стагс.










