Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи 131-та пленарна седница.
-
Македонија 20.11.2023 08:48
-
Македонија 20.11.2023 08:31
Премиерот Ковачевски во посета на Прилеп
Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерот за транспорт и врски, Благоја Бочварски ќе го посетат Прилепскиот регион.
-
Македонија 20.11.2023 08:09
Последен ден за пријавување за полагање испит за лиценца за проценка на тутун
Денеска е последен ден за пријавувањето за полагање на испитите за добивање на лиценци за проценка на тутунот. Пред полагањето на испитот заинтересираните кандидати мора да посетуваат обука која ќе се одржи од 4-ти до 8-ми декември и да добијат потврда од Институтот за тутун во Прилеп.
-
Македонија 20.11.2023 08:04
Наутро студено, преку денот сончево
Утрото студено, преку денот сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3 степени, а максималната ќе достигне 17 степени.
-
Македонија 19.11.2023 17:56
Приведен тетовец за издржување на тригодишна казна затвор
Денеска во 11.00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Џ.А. од Тетово.
Тој бил баран со централна потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.
-
Македонија 19.11.2023 17:18
Расчистени три тешки кражби во битолско
Денеска полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, во Битола ги лишиле од слобода Г.В.(45), З.М.(22) и Н.М.(18), сите од Битола, поради основано сомнение дека извршиле тешки кражби на подрачјето.
-
Македонија 19.11.2023 16:50
Реакции по поставувањето на 15-метарскиот крст
На црковно место најприродно е да има крст, велат од Црковниот одбор на манастирскиот комплекс Свети Наум Охридски на Попова Шапка, по низата реакции на политичките партии.
-
Македонија 19.11.2023 16:27
Се загрева предизборието, во Собранието ќе се решаваат изборните циклуси
По топло-ладно, за тоа кога и во каков формат би се одржале претседателските и парламентарните избори, социјал демократите полека ретерираат во ставот за одвоени изборни процеси, префрлајќи ја топката на договор меѓу партиите.
-
Македонија 19.11.2023 16:07
Граѓански здруженија алармираат дека не се почитува новиот Закон за облигациски односи
По четири месеци откако е донесен Законот за облигациски односи, извршителите не ги почитуваат законските измени со кои се предвидува застарување на долговите. Иако не смеат, продолжуваат да ги наплатуваат парите од граѓаните и по 20-ти јули откако законот е изгласан.
-
Македонија 19.11.2023 15:58
Вработените во ФЗО најавија предупредувачки протест поради ниските плати
Вработените во Фондот за здравствено осигурување на Македонија имаат најниски примања од сите органи од државната управа, кои се за 120 до 150 евра пониски од вработените на исти позиции во сродни институции. Велат од Сојузот на синдикати на Македонија.










