Процесот на пристапните преговори на Македонија за членство во Европската унија, актуелните политички случувања во земјава и тековните состојби во регионот, во фокус на средбата помеѓу претседателот Стево Пендаровски и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, која престојува
-
Македонија 29.10.2023 19:52
-
Македонија 29.10.2023 18:31
Урсула Фон дер Лајен пристигна во Скопје
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ја пречека претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен, која штотуку пристигна на Меѓународниот аеродром Скопје.
-
Македонија 29.10.2023 18:02
Приведено лице од ресенско, пронајдени бесправно исечени дрва
Денеска во село Волкодери, ресенско, полициски службеници од СВР Битола- ОВР Ресен и РЦ ГР Запад го лишиле од слобода С.Ц.(41) од с.Волкодери, ресенско.
При тоа биле пронајдени и одземени исечени околу 12 м3 огревни дрва, кои се предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка.
-
Македонија 29.10.2023 17:27
Лога- Хаџиу: Членството во ЕУ носи придовки за нашите граѓани
Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со неговата колешка од Косово, Албулена Хаџиу, на која како што соопштува Министерството за правда, разговарале за заедничката визија, заедничките вредности и заедничките предизвици со кои се соочуваат двете земји.
-
Македонија 29.10.2023 16:01
Пендаровски ги додели сертификатите на учесниците на третата Школа за политики
Претседателот Стево Пендаровски денеска во Вила „Билјана“ во Охрид, ги додели сертификатите на учесниците на Школата за политики при Претседателскиот центар за политичко образование за 2023 година.
-
Македонија 29.10.2023 14:52
Иницијативата „Борба за Влае“ на протестен собир против бетонизацијата на населбата
„Не“ за изградбата на 12-катницата на државното земјиште во Влае, порачаа дел од локалните жители, на уште еден протест организиран од граѓанската иницијатива „Борба за Влае“.
-
Македонија 29.10.2023 14:10
Фон дер Лајен во Скопје, ќе се сретне со Пендаровски
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска пристигнува во официјална посета на земјава, од каде ја започнува четиридневната турнеја низ Западен Балкан.
-
Македонија 29.10.2023 13:46
Партиите за датумот за изборите
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ апелира да не се прават непотребни трошоци и вториот круг од претседателските да се одржи со парламентарните избори, бидејќи еден месец ништо не менува, а ќе се заштедат пари.
-
Македонија 29.10.2023 12:16
Анкета на ИПИС: Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со предност пред владејачката СДСМ
На прашањето „За која партија би гласале доколку следната недела има парламентарни избори?“ 20,3 насто од испитаниците одговориле дека гласот би го дале за ВМРО-ДПМНЕ, додека за СДСМ 11,3 насто – покажува анкетата спроведена од Институтот за политички истражувања.
-
Македонија 29.10.2023 10:52
Приведени пет малолетници во Скопје поради сомнение за извршени кражби
Вчера вечер на подрачје на Драчево, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Аеродром и Драчево лишиле од слобода пет малолетници од Скопје.










