На ГП „Богородица“ и ГП „Табановце“ поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање за излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.
-
Македонија 08.08.2023 19:43
-
Македонија 08.08.2023 19:36
МВР: Запленети над 200 килограми режан тутун наменет за нелегална продажба
Денеска околу 15.30 часот полициски службеници од СВР Скопје го привеле Е.А. (29) од Скопје, а во патничкото моторно возило „голф“ со скопски регистерски таблички, кое тој го управувал, пронајдени и одземени се над 200 килограми режан тутун, наменет за нелегална продажба.
-
Македонија 08.08.2023 18:05
Обвинителство: Скопјанец осомничен за помагање при убиство
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека помагало при извршување на кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3 во врска со став 1 и во врска со член 24 од Кривичниот законик.
-
Македонија 08.08.2023 17:41
Приведен осомничен во врска со убиството во кафе бар „Албум Шиша“
Денеска во Скопје, на подрачје на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје во содејство со САЕ „Тигар“ и Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги извршија претрес на дом и го приведоа Г.М.
-
Македонија 08.08.2023 16:58
Македонски војници ќе помагаат во Словенија
Владата ја донесе одлуката. 100 припадници на македонската Армија, меѓу нив пешадија, инженери, ренџери заминуваат за Словенија да помогнат во справувањето со последиците од големата поплава којашто ја зафати земјата. Таму ќе останат 30 дена.
-
Македонија 08.08.2023 16:39
Здравствените власти смируваат, нема простор за паника по вториот случај со конго-кримска хеморагична треска
Болничарката заразена со конго-кримска хеморагична треска е во стабилна здравствена состојба, информира Клиниката за инфективни болести. Параметрите ѝ се следат, но болеста има своја еволуција, првите денови не се тешки, но подоцна може да се влоши состојбата.
-
Македонија 08.08.2023 16:22
Починатото лице пронајдено во бездната кај Демир Капија е исчезнатиот Илија по кого се трагаше две години
Починатото лице, кое на 27-ми март беше пронајдено во бездна кај местото „Просек“ во Демир Капија е Илија Лазаревиќ, по кого се трагаше две години и се водеше како исчезнат од април 2021-та, кога имаше 30 години.
-
Македонија 08.08.2023 15:51
Царината заплени 184 обврзници вредни 92 милиони долари, отворена е финансиска истрага
184 обврзници вредни 92 милиони долари спакувани во четири папки, запленила Царинската управа при рутинска контрола на Скопскиот аеродром. Тие биле пронајдени во црна рачна торба кај турски државјанин кој допатувал во земјава од Истанбул.
-
Македонија 08.08.2023 15:27
Повеќе од 50 пожари во Битола, засега осомничени нема
Ридот со шума над населбата Стрелиште на влезот во Битола, изминативе денови, неколку пати континуирано беше потпалуван. Најголем пожар го зафати во саботата. Од противпожарната единица велат дека тоа била една од потешките интервенции заради непристапноста на теренот.
-
Македонија 08.08.2023 15:09
Понуден Mанифест за единство
Клучен државен интерес е што поквалитетно завршување на преговарачкиот процес и побрз влез во Европската унија.









