Во најтоплите часови од денот екипите на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ од Куманово, не се на отворено и не го изнесуваат сметот. Тие работат во три смени, но одмараат кога е најтопло.
-
Македонија 22.07.2023 09:50
-
Македонија 22.07.2023 09:21
Постојните хидро-системи во земјава се стари и со децении без вложувања во нив
Хидро-системите во Македонија стареат и во последните 30 години, во нив ништо не е вложено. Земјоделците велат дека тие со години плаќаат надоместок, но ништо од тие средства не се користи за инвестирање во системите.
-
Македонија 22.07.2023 08:58
МЕПСО со предупредување до земјоделците
АД МЕПСО ги предупредува земјоделците во екот на сезоната за наводнување и на жетва, да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување, со земјоделската механизација и со дополнителната земјоделска опрема во близина на далеководите од преносната мрежа.
-
Македонија 22.07.2023 08:55
МВР: 164 санкционирани возачи во Скопје, 40 за брзо возење
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
-
Македонија 22.07.2023 08:38
За 60 насто повеќе интервенции на Итната помош во Прилеп
Пет каснувања од змии, за среќа без фатални последици, вртоглавици, зголемени притисоци, респираторни проблеми. Најмногу интервенции кај хронично болните, влијание и на здравиот организам. Топлотниот бран за 60-тина насто ги зголеми интервенциите на терен на прилепската служба за Итна помош.
-
Македонија 22.07.2023 08:28
Сончево и многу топло со температура до 41 степени
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен. УВ индексот ќе изнесува 10.
-
Македонија 21.07.2023 21:36
Петровска му понуди на својот грчки колега Никос Дендиас помош за справување со пожарите
Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска имаше телефонски разговор со министерот за одбрана на Република Грција Никос Дендиас, со кого разговараше за состојбата со пожарите во соседна Грција.
-
Македонија 21.07.2023 20:59
Дијабетичарите излегоа на предупредувачки протест пред Министерството за здравство
Средбата со министерот за здравство не го одложи закажаниот протест на лицата со дијабетес. На мирен предупредувачки собир, потсетија на проблемите со кои се соочуваат и неможноста да ја контролираат количината на шеќер во крвта поради недостаток на глукомери и додатоци за апаратот.
-
Македонија 21.07.2023 20:29
Меџити: Министерството е партнер на лицата со дијабет, заедно ќе ги надминуваме предизвиците
Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити денеска на состанокот ги сослуша барањата на лицата со дијабет. Како Министерство имаме целосно разбирање за нивните барања и предизивиците со кои се соочуваат.
-
Македонија 21.07.2023 19:12
Приведен крадец, расчистени пет кривични дела извршени во цркви
Вчера полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Ѓорче Петров го лишија од слобода С.А., со што се расчистени 5 кривични дела кои тој ги извршил, и тоа една тешка кражба во црква на подрачјето на Гази Баба, две тешки кражби во цркви на подрачјето на Аеродром, една тешка кражба










