Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
-
Македонија 10.03.2023 09:06
-
Македонија 10.03.2023 08:06
Облачно со врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер.
Локално врнежите ќе бидат во форма на невреме. Минималната температура ќе се движи во интервал од 3 до 8°C, а максимумот од 13 до 18°C.
-
Македонија 09.03.2023 21:25
Антикорупциска комисија отвара предмет за изградбата на автопатиштата
Државната комисија за спречување на корупцијата отвара предмет за надзорот на изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д што го врши ИРД.
-
Македонија 09.03.2023 20:49
Прекината собраниската расправа за Извештајот на ЕК
Собраниската седница на која пратениците расправаат за Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава за 2022 година попладнево е прекината, а нејзиното продолжение ќе биде дополнително закажано.
-
Македонија 09.03.2023 19:46
Обвинителството бара притвор за две лица осомничени за „грабнување“ на внукот на Љубе Бошкоски
Основното јавно обвинителство Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа за две лица за кои постои сомнение дека со своите дејствија учествувале во кривично дело „грабнување“ на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски.
-
Македонија 09.03.2023 17:44
Реконструкција на водоводна мрежа во Гази Баба
Градоначалничката на град Скопје, заедно со директорот на ЈП Водовод и Канализација-Скопје денес направија увид во работата на реконструкцијата на целокупната водоводна мрежа во парк шумата Гази Баба.
-
Македонија 09.03.2023 17:23
Ѓоргиевска: Неопходна е рана дијагностика и соодветен третман на заболувањата на бубрезите
Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на настанот „Здрави бубрези за сите - да се подготвиме за неочекуваното, да ги заштитиме најранливите“ во организација на ЈЗУ Универзитетска клиника за нефрологија, а по повод 9 Март - Светскиот ден на бубрегот.
-
Македонија 09.03.2023 17:19
Локализиран пожарот во фабриката за канабис во Росоман
Локализиран пожарот во магацинскиот простор на фабриката за канабис во село Дебриште, Росоман. Следат истражни дејствија за причините, велат од Државниот инспекторат за животна средина.
-
Македонија 09.03.2023 17:01
Жители од Бутел на протест, не даваат Арсовска да им гради улица низ дворовите
Им земаат од семејните дворови, зашто имаат план да градат седум згради. Шеесетина жители на Општина Бутел вчера добиле писмо од Град Скопје дека за три дена мораат да расчистат дел од државното земјиште кое го користат, зашто градот пред врата ќе им правел улица.
-
Македонија 09.03.2023 16:22
Новиот закон ќе предизвика сериозни последици, реагираат од Асоцијацијата на спортски обложувалници
На мала врата без дебата сакаат да протнат закон, кој ќе донесе страшни последици по буџетот, илјадници луѓе ќе останат без работа, а сивата економија ќе цвета, реагираа од АСОМ во пресрет на донесувањето на новиот Предлог-закон за игри на среќа.










