На охридско-струшкото крајбрежје потребни се инвестиции во еко зелени хотелски капацитети. Главната причина е заштитата на животната средина како една од клучните препораки на Унеско, но и заштеда на електрична енергија во време на криза.
-
Македонија 28.02.2023 09:33
-
Македонија 28.02.2023 09:22
Почнува судењето за нападот врз Пендиков
Денеска во судот во Охрид треба да почне судењето за нападот врз секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис“, Христијан Пендиков. На обвинителна клупа треба да седне Илија Спасески кој беше уапсен неколку дена по инцидентот.
-
Македонија 28.02.2023 09:11
Денеска прво рочиште за Жан Митрев, судот ја блокираше сметката на клиниката
Кардиохирургот Жан Митрев денеска седнува на обвинителна клупа. Во скопскиот Кривичен суд почнува процесот во кој на познатиот лекар му се суди за измама на пациенти заболени од Ковид – 19.
-
Македонија 28.02.2023 09:08
Парламентарното мнозинство ги избра новите министри во Владата
Доцна синоќа со 65 гласа „за“, ниту еден „против“ и „воздржан“, од присутни 114 пратеници во салата, Собранието ги избра четворицата нови министри.
-
Македонија 28.02.2023 08:57
Презентација на студијата „Ефектите на кризата со храна и енергија врз децата и семејствата“
Во Скопје денеска ќе биде презентирана студијата за „Ефектите од кризата со храна и енергија врз децата и семејствата во Северна Македонија“.
-
Македонија 28.02.2023 08:49
Министерката Петровска во официјална посета на Чешката Република
Министерката Петровска во официјална посета на Чешката Република Делегација од Министерството за одбрана предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска денес ќе престојува во официјална посета на Чешката Република.
-
Македонија 28.02.2023 08:47
Продолжува собраниската расправа за разрешување на заменик-министрите
Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја продолжи 104. седница со расправата за разрешувања на заменик-министрите за одбрана, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за образование и наука, Башким Хасани, Абдулшуќур Абедини и Лулзим Алиу.
-
Македонија 28.02.2023 08:37
Седница на собраниската Законодавно-правната комисија
Собраниската Законодавно-правната комисија денеска ќе ја одржи 173. седница.
-
Македонија 28.02.2023 08:36
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно, со попладневни врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
-
Македонија 27.02.2023 20:36
Пред полноќ се очекува да заврши гласањето за новите министри
Пратениците заминаа на пауза по неколкучасовната расправа за избор на новите министри во Владата. Дебатата за владината реконструкција е најавено дека ќе продолжи. За збор се пријавени уште четири пратеници.










